Емотивно видео: Девојче со тешки изгореници на главата конечно има коса - мајка ѝ ја донираше својата коса за перика

„Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“, вели мајката која ѝ подари перика од својата коса на ќерка си, откако девојчето се здобило со тешки изгореници и останало без коса по страшна експлозија кога имала една година. 

prekrasno-majka-napravi-perika-od-svojata-kosa-i-ja-izraduva-kjerkata-koja-ima-teshki-izgorenici-na-glavata-01.jpg

Малата Емили имала само една годинка кога преживеала страшна експлозија, од која се здобила со тешки изгореници на главата и телото. Експлозијата ја предизвикала туба со гориво во автомобил и оттогаш Емили нема коса.

Сега, таа доби перика направена од косата на нејзината мајка, а нејзината реакција на подарокот е бесценета. Емили не ја крие својата среќа и почнува да плаче, бидејќи првпат откако знае за себе, таа има коса на главата.

Емотивната реакција на Емили ја сними нејзиното семејство, а потоа го објави видеото на Тик Ток.

„Се сеќаваш ли кога ми кажа дека сакаш да имаш перика од косата на мама? Ова е твојата перика“, вели мајката на Емили, пред да ѝ ја даде периката на својата мала ќерка.

prekrasno-majka-napravi-perika-od-svojata-kosa-i-ja-izraduva-kjerkata-koja-ima-teshki-izgorenici-na-glavata-02.jpg

„Моја е?“ прашува девојчето во неверување.

„Немој да почнеш да плачеш“, ѝ одговара мајката, која откри дека ја донирала својата коса за нејзината ќерка да има убава, природна перика.

prekrasno-majka-napravi-perika-od-svojata-kosa-i-ja-izraduva-kjerkata-koja-ima-teshki-izgorenici-na-glavata-03.jpg

Емили прво ја прегрнува мајка си, малку збунета, но среќна, а дури потоа ја става периката на главата и почнува да ја допира како да е нејзина коса.

„Изгледаш прекрасно“, во позадината се слуша глас на маж кој го снима видеото.

prekrasno-majka-napravi-perika-od-svojata-kosa-i-ja-izraduva-kjerkata-koja-ima-teshki-izgorenici-na-glavata-04.jpg

„Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“, додава мајка ѝ.

Видеото од девојчето стана вирално, а јавноста е воодушевена од потегот на мајката, но и од храброста на малата Емили.

Погледнете го емотивното видео:

https://www.tiktok.com/@philmyers08/video/7251361650467425579?is_from_webapp=1&sender_device=pc

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава