Застрашувачко видео: Што може да се случи ако ги пуштате децата да пливаат со мускули?

„Зошто никој повозрасен не застанал да внимава?“ – стои во еден од коментарите на видео што мајка го сподели како предупредување за родителите што ги пуштаат децата да пливаат сами со мускули. Зошто не треба премногу да им верувате на реквизитите за пливање?

majka-spodeli-zastrashuvachko-video-shto-mozhe-da-se-sluchi-ako-gi-pushtate-decata-da-plivaat-so-muskuli-01.jpg

Мајка сподели видео на својот Инстаграм профил за да покаже дека не треба премногу да бидеме сигурни во реквизитите за пливање што им ги купуваме на нашите деца.

Катја Илери била на одмор во Чешме, Турција и го сподели видеото кое е вистински кошмар за сите родители со мали деца.

„Еве што се случуваше на денешниот ден од одморот“ – напиша таа.

majka-spodeli-zastrashuvachko-video-shto-mozhe-da-se-sluchi-ako-gi-pushtate-decata-da-plivaat-so-muskuli-02.jpg

Членовите на нејзиното семејство скокале од брод во морските води, а малото девојче сакало да им се придружи. Во видеото се гледа како таткото му става мускули на девојчето на рацете, го бакнува и го фрла во вода.

majka-spodeli-zastrashuvachko-video-shto-mozhe-da-se-sluchi-ako-gi-pushtate-decata-da-plivaat-so-muskuli-03.jpg

Но, наместо да ја задржат на површината, мускулите се лизгаат од рацете на девојчето и тоа потонува.

На крајот на видеото се гледаат само мускулите како пловат над површината, а девојчето го нема никаде.

majka-spodeli-zastrashuvachko-video-shto-mozhe-da-se-sluchi-ako-gi-pushtate-decata-da-plivaat-so-muskuli-05.jpg

Коментарите од следбениците на Катја кои го погледнале видеото се најразлични. Додека некои коментираат дека дизајнот на мускулите е сѐ полош со текот на времето, други ги обвинуваат родителите зошто дозволиле девојчето да скокне во водата без надзор.

„Добро, ако сакавте да го пробате ова, зошто никој повозрасен не застанал да внимава. Зошто?“;

„Да ме фрлеше мене некој така, ќе умрев од страв. Девојчево е многу храбро“;

„Дали е добро девојчето?“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

Што мислите вие? Дали родителите згрешиле што се осмелиле на таков начин да го фрлат девојчето во вода?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породувањ... 32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поста...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Пет Италијанци загинале во подводна пештера на Малдиви – мајка и ќерка нуркале заедно, веројатно има... Петте туристи од Италија кои вчера загинаа во подводна пештера во Малдиви, споре...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава