Собираат и до 4.000 евра неделно – Што се случува со паричките собрани во најпознатата фонтана во Рим?

За влегување во водата на Фонтана Ди Треви во Рим можете да добиете парична казна, но и да ви биде одземена визата за престој. Погледнете како изгледа собирањето на паричките од познатиот споменик во Рим, каде неделно се собираат и до 4.000 евра...

sobiraat-i-do-4-000-evra-shto-se-sluchuva-so-parichkite-sobrani-vo-najpoznatata-fontana-vo-rim-01.jpg

Според легендата, секој што ќе фрли паричка во фонтаната, повторно ќе се врати во Рим. Ако фрлите две, тогаш може да ви се случи да останете таму, а ако фрлите три тогаш ќе најдете љубов во градот светлината.

Според легендите, потребно е да се свртите со грбот и паричката да ја фрлите преку левата страна, односно, преку срцето.

Според некои проценки, од паричките што секој посетител ги фрла во фонтаната, која е една од најпосетените знаменитости во главниот град на Италија, неделно се собираат и до 4.000 евра.

sobiraat-i-do-4-000-evra-shto-se-sluchuva-so-parichkite-sobrani-vo-najpoznatata-fontana-vo-rim-03.jpg

Сте се запрашале ли некогаш што се случува со овие пари?

Со оглед на тоа што посетата на Фонтаната е бесплатна, голем дел од овие пари одат во зачувување и одржување на споменикот.

Освен тоа, голем дел од парите се пренасочуваат кон грижата на ранливите категории граѓани, за поддршка на народни кујни, пунктови за бездомници, како и за грижата за зголемениот број мигранти кои среќата ја нашле во Рим.

sobiraat-i-do-4-000-evra-shto-se-sluchuva-so-parichkite-sobrani-vo-najpoznatata-fontana-vo-rim-02.jpg

Инаку, познато е дека во минатото имало и луѓе кои навечер влегувале во фонтаната и собирале парички, но и такви туристи кои под дејство на алкохол, се бањале во некои од познатите римски фонтани за да се оладат.

Но, благодарение на регуларните полициски патроли и огромните казни за влегувањето во водата, кои вклучуваат и парични казни, но и одземање на визата за престој и забрана за влез во земјата, сега бројот на оние што се обидуваат да соберат дел од „колачот“ во фонтаната значително е намален.

sobiraat-i-do-4-000-evra-shto-se-sluchuva-so-parichkite-sobrani-vo-najpoznatata-fontana-vo-rim-04.jpg

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како изгледа собирањето на паричките во најпознатата фонтана во Рим, Фонтана ди Треви.

Вработените го чистат базенот на познатиот споменик, а паричките се собираат со помош на детектор за метал.

Погледнете како изгледа еден обичен понеделеник, кога вработените ги собираат паричките насобрани на дното од фонтаната:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
„Знаеме кој нè штити“: OAE плаќаат престој и храна за 20.000 заглавени туристи – жителите ги возвишу... „Така се прави тоа“, „Се чувствуваме безбедни зашто знаеме какви лидери се на че...
Британка (65) критикувана за дечкото (44) од Африка: „Му давам пари и му купувам подароци, сите мисл... 65-годишна жена од Англија пред две години го запознала 44-годиштнио Ебрима кога...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Трошел 10.000 евра дневно за храна, имал 120 автомобили: Како живееше Никола Саркози, пред да биде о... Откако беше избран за претседател на Франција, Никола Саркози стана познат по ра...
Остана бремена од криминалец, па се омажи за идниот крал на Норвешка - Која е принцезата Мете-Марит? Свадбата на норвешкиот престолонаследник со „обичната девојка“ Мете-Марит во 200...

Најчитани неделава