„Работиме во мртовечница – сите ни се чудат бидејќи сме многу млади, но работата нè исполнува“

Оливија и Изабел од Англија имаат 20-тина години и работат во мртовечница. Иако според многумина ова е необична професија за млади девојки, тие велат дека работата ги исполнува. 

rabotime-vo-mrtovechnica-site-ni-se-chudat-bidejkji-sme-mnogu-mladi-no-rabotata-ne-ispolnuva-01.jpg

За повеќето, работењето во мртовечница е морничаво, но ова не важи за Оливија и Изабел кои се вљубени во својата професија.

22-годишната Оливија Котерил Вилсон и 23-годишната Изабел Валтон велат дека работата ги исполнува бидејќи им овозможуваат на семејствата да ги видат своите сакани за последен пат во убаво издание.

rabotime-vo-mrtovechnica-site-ni-se-chudat-bidejkji-sme-mnogu-mladi-no-rabotata-ne-ispolnuva-04.jpgОливија (лево) и Изабел (десно)

Тие работат во мртовечница во Нотингем, а со работа почнуваат во осум наутро и во текот на денот подготвуваат тела за погреби.

Дел од телата ги балсамираат, додека дел само ги облекуваат и шминкаат.

„Секој ден е различен. Нормално, секој ден имаме листа со тела што треба да ги средиме, но секое тело е различно, секој случај има разни потреби“, открива Изабел.

Девојките почнале да работат во мртовечница годинава и велат дека иако си ја сакаат работата, некогаш имаат лоши мисли.

„Гледаме работи кои не би очекувале да ги видите на наша возраст. И, можно е бидеме малку параноични бидејќи гледаме и си велиме ’ова може да биде кој било, ова може да биде мајка ми‘.

Сепак, ова ме тера почесто да стапувам во контакт со саканите бидејќи никогаш не можеме да знаеме што нè чека‘, вели Оливија.

rabotime-vo-mrtovechnica-site-ni-se-chudat-bidejkji-sme-mnogu-mladi-no-rabotata-ne-ispolnuva-02.jpgОливија (лево) и Изабел (десно)

Девојките велат дека за нивната професија потребна е емпатија, но и способност да се обрнува внимание на сите детали.

Истовремено, важно е да станува збор за стабилна личност на која не ѝ пречи да размислува за смртта.

Многумина не ни сакаат да влезат во мртовечница, особено оние кои веруваат во духови и натприродни сили.

Но, девојките не веруваат во ништо вакво и на шега велат дека тоа дефинитивно им е од помош.

„Сигурна сум дека ако духовите беа вистински, досега сигурно ќе видевме барем еден“, вели Оливија.

rabotime-vo-mrtovechnica-site-ni-se-chudat-bidejkji-sme-mnogu-mladi-no-rabotata-ne-ispolnuva-05.jpg

Тие откриваат и кои се најголемите предизвици во нивната професија:

„Мислам дека реконструкцијата е најтешкиот дел, бидејќи треба да направиме почината личност да изгледа што е можно пожива. Тенка е линијата помеѓу тоа да направите некој да изгледа добро и нереално.

Потоа, треба да се потрудиме личноста да изгледа како кога била жива, дури и ако има повреди на лицето и што било што семејството не сака да го види“, вели Оливија.

Девојките велат дека уште потешко е ако станува збор за личност со сериозни повреди која загинала во некаква несреќа.

rabotime-vo-mrtovechnica-site-ni-se-chudat-bidejkji-sme-mnogu-mladi-no-rabotata-ne-ispolnuva-06.jpg

Иако им е јасно зошто за многумина нивната професија е морничава, на девојките им причинува задоволство што им помагаат на ужалените семејства.

„Навистина е убаво кога семејствата ќе ни кажат дека сме направиле разлика за нив, па потоа ни раскажуваат за починатата личност и слично“, вели Изабела.

Следно, Изабела и Оливија сакаат да станат професионалци за балсамирање, а за ова ќе треба да одат на дополнителен курс и да полагаат за лиценца.

Во досегашното 3-годишно образование, тие велат дека ги научиле сите детали за телото – како функционира, како се поврзани органите и коските, кои делови се клучни…

rabotime-vo-mrtovechnica-site-ni-se-chudat-bidejkji-sme-mnogu-mladi-no-rabotata-ne-ispolnuva-07.jpg

Тие имаат и поддршка од нивните семејства, но велат дека пријателите обично им се чудат за изборот на професија.

Оние кои не ги знаат, пак, се зачудени бидејќи обично си замислуваат дека во мртовечница работат стари мажи, а не млади, 20-годишни девојки.

Иако нивната професија е поврзана со смртта, девојките велат дека ги научила повеќе да го ценат животот.

„Сега повеќе ги ценам саканите и не сакам да живеам со жалење. Ако сакам да се слушнам со некој, го барам. Звучи како клише, но утрешниот ден никогаш не ни е ветен, а ние го гледаме тоа секој ден.

Па, можам само да им порачам на сите да го живеат секој ден како последен. Правете го она што сакате, а она што не го сакате – немојте да го правите“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку се чести нападите од ајкули во Египет (и што да правите ако сте нападнати)? Се чини дека секое лето во Египет има напад од ајкули, но важно е да знаете дека...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Вирално видео од фризерка: „Лоши работи што ги прават клиентките, а ме иритираат и мене и сите стили... „Прво е доцнењето или воопшто да не дојдете. Јасни ни е дека се случуваат работи...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg