Застрашувачки видеа од земјотресот во Мароко – Зградите се рушат додека луѓето избезумено бегаат

Зградите се рушат како кули од карти, додека луѓето избезумено бегаат за да се заштитат од разорната сила на земјотресот... Ова може да се види на голем број од видеата објавени на социјалните мрежи, а кои се снимени во моментот кога Мароко беше погоден од силен земјотрес.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-vo-maroko-zgradite-se-rushat-dodeka-lugjeto-izbezumeno-begaat-01.jpg

Силен земјотрес со јазична од 6,8 степени го погоди Мароко во петокот вечерта (08.09), а се предизвикани огромни материјални штети, а бројот на загинати и повредени од час во час расте.

Според пишувањата во светските медиуми, досега (09.09 во 8 часот наутро) вкупно 296 лица починале, а околу 153 биле повредени, но голем број луѓе се заробени под урнатините и чекаат да бидат спасени.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-vo-maroko-zgradite-se-rushat-dodeka-lugjeto-izbezumeno-begaat-02.jpg

Голем број од луѓето изминатата вечер ја поминаа под отворено небо, стравувајќи од нови потреси.

Епицентарот на земјотресот бил во планините Висок Атлас и најголемиот број од жртвите е во населените места што се наоѓаат во непосредна близина на епицентарот, а станува збор за села до кои приодот е отежнат и тешко може да се пристапи и да им се укаже помош на повредените.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-vo-maroko-zgradite-se-rushat-dodeka-lugjeto-izbezumeno-begaat-03_copy.jpg

На Твитер се објавени повеќе видеа на кои се гледа разорната моќ на земјотресот.

Земјотресот оштети и поголем број градби во стариот град Маракеш, кои се сметаат за историски споменици, заштитени од УНЕСКО.

 Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...

Најчитани неделава