Бразилска пејачка руши предрасуди – Гордо позира во бикини со стома на стомакот (фото)
- Детали
- недела, 15 октомври 2023
„Да, имам стома и не се срамам да ја покажам бидејќи ми го спаси животот“, стои во описот на фотката на која позната бразилска пејачка гордо позира во бикини. Во коментари, фановите ѝ даваат огромна поддршка, а некои ги споделуваат и нивните искуства.
Стома е хируршки направена дупка во абдоменот преку која, во специјална кеса, се исфрлаат фекалните материи од организмот.
Постојат разни причини зошто на некои луѓе им се прави ваков зафат – од рак до разни проблеми со дебелото црево и мочниот меур.
Иако бројни личности имаат стома, ова е тема за којашто ретко се зборува, па затоа постојат и предрасуди, а луѓето кои ја имаат неретко дури и се срамат од своето тело.
Токму затоа, потегот на бразилската пејачката Прета Гил е за пофалба.
49-годишната пејачка има стома, а во октомври годинава со нејзините 11 милиони следбеници сподели фотка во долна облека.
„Да, имам стома и не се срамам да ја покажам бидејќи оваа кеса ми го спаси животот и ми даде можност да закрепнам од операцијата со која ми отстранија тумор.
Не беше лесно, но верувајте ми – благодарна сум!“, стои во описот.
Подоцна таа сподели уште неколку фотки на кои гордо позира во бикини со нејзината стома.
Прета имала рак на дебелото црево, а почнала да ја носи стомата по операцијата за отстранување на туморот.
На двете објави, Прета добива многу поддршка, а некои фанови ги споделуваат и нивните искуства:
„Нејзината сила е инспирација“.
„Стомата и мене ми го спаси животот и прекрасно е што рушиш предрасуди“.
„Ти си вистински ангел кој руши предрасуди со љубов“.
„Стомата ѝ го спаси животот на ќерка ми кога имаше само 10 месеци. Се соочивме со многу предрасуди поради незнаењето на луѓето“.
Повеќе фотки од инспиративната пејачка на следната страница…
Би можело да ве интересира:





