Гратче во Исланд може да биде уништено од вулкан, по 1.000 земјотреси во 2 дена (фото+видео)

Гратчето Гриндавик кое се наоѓа во близина на Рејкјавик викендов беше евакуирано поради опасност да биде уништено од вулканска ерупција. Изминативе неколку дена, во областа биле забележани околу 1.000 земјотреси кои го „активирале“ вулканскиот систем во близина на градот. На Твитер веќе се споделуваат морничави видеа од земјотресот, но и движењето на земјата поради вулканската активност.

gratche-vo-island-mozhe-da-bide-unishteno-od-vulkan-po-niza-zemjotresi-foto-video-01.jpg

Поради бројни мали земјотреси во Исланд, властите и жителите се загрижени поради опасност од вулканска ерупција.

Гратчето Гриндавик во југозападниот дел на државата е изложено на најголем ризик и веќе е евакуирано.

Gratche_vo_Island_mozhe_da_bide_unishteno_od_vulkan_po_1.000_zemjotresi_vo_dena_fotovideo09.jpg

Во градот, кој се наоѓа на околу 40 километри од Рејкјавик, има околу 3.400 жители кои беа присилени да ги напуштат нивните домови.

Според The Guardian, во неделата (12.11) на дел од жителите им било дозволено да се вратат во своите домови на само неколку минути за да ги земат работите што им се неопходни.

vgratche-vo-island-mozhe-da-bide-unishteno-od-vulkan-po-niza-zemjotresi-foto-video-03.jpg

Потресите биле забележани во саботата, имале јачина од четири-пет степени според Рихтер и биле речиси постојани.

Според метеоролозите и експертите од Исланд, биле регистрирани околу 1.000 помали земјотреси, кои значително го зголемиле ризикот од ерупции. Притоа, предизвикале и материјална штета.

На само околу 800 метри под евакуираното гратче бил забележан тунел од магма кој ги натерал властите да реагираат.

Во близина на гратчето се наоѓа вулканот и Fagradalsfjall, а околу него имало чести потреси изминативе неколку недели.

Претходно, цели осум векови вулканите во областа биле „заспани“.

Во Исланд има околу 130 вулкани, од кои 32 се активни.

gratche-vo-island-mozhe-da-bide-unishteno-od-vulkan-po-niza-zemjotresi-foto-video-02.jpg

На Твитер веќе се споделуваат видеа и фотки од земјотресот и распуканиот асфалт на улиците:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава