„Имам над 50 алергии на храна – соучениците во средно ми подметнуваа јатки за да видат што ќе ми се случи“

„Првиот пат кога паднав во анафилактичен шок чувствував како грлото ми се затвора, поцрвенев, не можев ниту да зборувам ни да дишам“ – млада девојка од САД има над 50 различни видови алергии на храна, а раскажува како заради состојбата, животот во детството ѝ бил кошмар.

imam-nad-50-alergii-souchenicite-vo-sredno-mi-podmetnuvaa-jatki-za-da-vidat-shto-kje-mi-se-sluchi-01.jpg

Миа Силверман (20) од Бостон, САД е алергична на 50 различни видови храна. Исхраната на младата Американка не смее да вклучува јаткасти плодови и млечни производи, но и одредени прехранбени бои, зачини или природни вкусови.

imam-nad-50-alergii-souchenicite-vo-sredno-mi-podmetnuvaa-jatki-za-da-vidat-shto-kje-mi-se-sluchi-02.jpg

Денес таа редовно објавува видеа на ТикТок и се обидува да ја поткрене свеста и да им помогне на сите оние што имаат проблеми со алергиите, а вели дека животот воопшто не ѝ бил лесен.

„Во средно училиште бев жртва на булинг.

Децата се шегуваа и знаеја да ми подметнат јаткасти плодови во храната за да видат што ќе се случи, а во основно училиште имаше посебна маса каде што не се служеа јаткасти плодови и беше тажно што таму секогаш седев сама.

Кога и да бев поканета на некои забави и дружења, секогаш се чувствував како отпадник затоа што морав да си носам безбедна храна со мене“ – вели таа.

imam-nad-50-alergii-souchenicite-vo-sredno-mi-podmetnuvaa-jatki-za-da-vidat-shto-kje-mi-se-sluchi-04.jpg

Миа признава дека дури кога започнала да оди на колеџ успеала да најде вистински пријатели коишто се труделе да ѝ помогнат и се адаптирале на нејзините потреби.

Миа раскажува дека мајка ѝ и татко ѝ се труделе максимално да се приспособат на исхраната на Миа, но тоа не може да се каже за другите роднини, па сите семејни забави за неа се вистински кошмар.

„Секогаш одам, но морам да си однесам сопствена храна. Се чувствувам како отпадник, иако сум таму и сум поканета, тешко ми е кога гледам како сите јадат од храната што е послужена, но јас не смеам да пробам ништо“ – вели таа.

imam-nad-50-alergii-souchenicite-vo-sredno-mi-podmetnuvaa-jatki-za-da-vidat-shto-kje-mi-se-sluchi-05.jpg

Првата алергиски реакции Миа ги имала уште како бебе, заради што имала грчеви и болки во стомакот.

„Еден ден татко ми си дојде од работа и донесе колачиња со јаткасти плодови и јас веднаш изедов едно, по што веднаш паднав во анафилактичен шок и тоа беше првпат да почувствувам нешто такво.

Грлото почна да ми се затвора, поцрвенев, не можев ниту да зборувам, не можев да дишам, почнав да повраќам. Навистина беше страшно“ – раскажува Миа и вели дека по ова, нејзините родители веднаш викнале брза помош и ја пренеле во болница.

imam-nad-50-alergii-souchenicite-vo-sredno-mi-podmetnuvaa-jatki-za-da-vidat-shto-kje-mi-se-sluchi-06.jpg

Миа со текот на годините успеала да ги надмине алергиите на соја, кокос и глутен, но уште е алергична на над 50 различни видови храна.

Таа денес не може да јаде: јаткасти плодови, семки и масла од семки, риби и школки, праски, киви, круши, цреши, манго, јаболка, лубеница, модар домат, тиквички, наут, леќа, неварени млечни производи, јајца, чоколадо, кафе...

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава