„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со критики“

Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојпат плаќа за две седишта во авион. Но, и покрај ова се соочува со критики и „злобни погледи“ од другите патници. Сепак, вели дека научила да ги игнорира и сега сака да ги мотивира и другите плус-сајз луѓе да патуваат доколу сакаат.

jas-sum-plus-sajz-devojka-i-sakam-da-patuvam-plakjam-za-2-sedishta-vo-avion-no-se-soochuvam-so-kritiki-01.jpg

Саибра Ноел е инфлуенсерка и плус-сајз девојка која вели дека сака да патува, но открива и дека честопати се соочува со проблеми поради нејзиниот изглед.

32-годишната Саибра на својот ТикТок споделува совети и предлози за патување, но и нејзините непријатни искуства за време на патувањата.

Таа истакнува дека патувањето не е наједноставно за поголеми девојки како неа, особено кога треба да лета со авион.

jas-sum-plus-sajz-devojka-i-sakam-da-patuvam-plakjam-za-2-sedishta-vo-avion-no-se-soochuvam-so-kritiki02.jpg 

Саибра открива дека некогаш патниците во авионот бараат да бидат преместени кога ќе сфатат дека треба да седат до неа. Истовремено, вели дека добива и многу злобни коментари онлајн кои имале ужасно влијание врз нејзината самодоверба.

„Моето искуство со патување изгледа поразлично од она на луѓето кои се послаби. Имам различни потреби за безбедно и удобно патување“, вели таа и додава дека седиштата во авионите се премали.

Сепак, Саибра истакнува дека сега го прифаќа своето тело и не се чувствува лошо, а научила и да ги игнорира коментарите.

„Тоа што седиштата во авионите се минијатурни не треба да биде причина јас да се чувствувам лошо. Условени сме да се чувствуваме лошо ако нè не собира во тој мал простор, па нормално дека мојата самодоверба страдаше.

Се случувало други патници да ги викаат стјуардесите откако ќе откријат дека седат до мене. За среќа, стјуардесите секогаш наоѓале решение“, вели таа.

Саибра вели дека имало ситуација кога стјуардеса ѝ понудила да седи на две седишта за да ѝ биде поудобно.

„Мислам дека тоа е најфиниот начин на кој некој ме нарекол дебела и бев збунета – не знаев дали да бидам навредена или не“.

Сепак, сега Саибра вели дека не се срами ако ѝ треба повеќе простор и секогаш плаќа за две седишта.

Но, истакнува дека сè уште се соочува со злобни коментари и онлајн, и во живо.

Со своите видеа, Саибра открива дека целта ѝ е да ги мотивира и другите плус-сајз луѓе да патуваат.

„Не дозволувајте стравот или срамот да ве спречат да патувате. Ако сакате да патувате, патувајте. Ако ви треба екстра седиште, доплатете. Заслужувате да патувате, без разлика на вашата тежина“, вели таа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава