Сите мислат дека носи леќи: Која е девојката со продорно сини очи која стекна популарност преку ноќ?

Меган Ричмонд од Мајами гордо го носи епитетот „девојката со најпродорно сини очи на светот“. Откако познат инфлуенсер објави нејзино видео, таа стана популарна преку ноќ, па на Инстаграм денес ја следат преку 220.000 луѓе.

go-nosi-epitetot-devojka-so-najubavi-oci-na-svetrot-samo-nekolku-procenti-od-lugeto-se-ragaat-so-ovaa-boja-na-ocite-01.jpg

Меган Ричмонд од Мајами е родена на 9 август 1997 година. 

Продорно сините очи таа ги наследила од родителите, иако тие имаат малку поинаква нијанса од нејзините.

Оваа девојка вели дека не сонувала дека преку ноќ ќе стане интернет ѕвезда и дека сите ќе се восхитуваат на нејзините очи.

Таа стана популарна пред само неколку месеци, кога во јануари 2023 случајно го сретнала средба со инфлуенсерот и претприемач Рохајм Фаруки.

Шетајќи се Рохаим ја здогледал Меган и бил воодушевен од нејзините очи па ја замолил да ја сними.

Тој прво помислил дека Меган носи леќи, но потоа се уверил дека таа е родена со оваа боја на очите, откако му покажала фотографија од детството.

Откако ја споделил снимката на Инстаграм, Меган стана сензација и доби голем број следбеници, а видеото има преку 93 милиони прегледи.

Меган за себе вели дека е родена со „гоџо“ очи, алудирајќи на јапонскиот лик од стриповите, Сатору Гоџо, кој има слична боја на очите.

Инаку Меган работи во биомедицинско инженерство, но денес одлично заработува и преку социјалните мрежи, каде за неколку месеци успеа да стане вистинска сензација.

Инаку, интересно е и тоа дека сините очи се многу поретки од кафените очи, а се проценува дека само 10 отсто од светската популација има сини очи.

Бројот на оние со боја на очите како Меган е многу помал.

В. К. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава