Ледениот човек Вим Хоф се соочува со тужби: „Ќерка ми умре бидејќи го проба неговиот метод - влегување во студена вода“

Кели Пул се запишала на работилница во компанијата Breatheolution која станала многу популарна во САД.

На веб-сајтот на компанијата било истакнато дека се користат техниките на Вим Хоф, како и други вежби за дишење.

ledeniot-chovek-vim-hof-se-soochuva-so-tuzhbi-kjerka-mi-umre-bidejkji-go-proba-negoviot-metod-vleguvanje-vo-studena-voda-08.jpg

39-годишната Кели Пул била дел од вежба во која под водство на тренер, правела вежби за дишење, вклучувајќи и задржување на воздухот.

По вежбите, Кели и другите кои учествувале во сеансата влегле во студена вода.

Наводно, Кели се пожалила на главоболка, по што изгубила свест.

Некој од групата ја извлекол од водата и пробал да ја разбуди, но Кели починала веднаш.

ledeniot-chovek-vim-hof-se-soochuva-so-tuzhbi-kjerka-mi-umre-bidejkji-go-proba-negoviot-metod-vleguvanje-vo-studena-voda-03.jpg

Подоцна аутопсијата покажала дека Кели имала недијагностициран проблем со срцето, кој најверојатно се влошил поради студената вода.

Мајката на Кели ја споделила приказната со надеж дека ќе ги натера другите да бидат повнимателни.

„Знам дека станува збор за недијагностициран проблем со срцето и никој не би можел да ја спаси.

Но, без соодветна регулација, секој може да ти рече ’дај ми 100 евра за да влезеш во студена вода‘.

За Кели е предоцна, но можеби ќе се спаси некој друг“.

ledeniot-chovek-vim-hof-se-soochuva-so-tuzhbi-kjerka-mi-umre-bidejkji-go-proba-negoviot-metod-vleguvanje-vo-studena-voda-07.jpgМестото каде што починала Кели

Меделин Мецгер, исто така од САД, е уште една девојка која починала од слична техника.

Според татко ѝ, 17-годишната девојка се удавила во семејниот базен, откако пробала да изведе техника на Вим Хоф.

Повторно, Ледениот човек не бил присутен и таа веројатно ја пробувала техниката без никакво водство.

Но, татко ѝ смета дека најголем виновник е Вим Хоф бидејќи промовира совети и опасни методи на Инстаграм.

ledeniot-chovek-vim-hof-se-soochuva-so-tuzhbi-kjerka-mi-umre-bidejkji-go-proba-negoviot-metod-vleguvanje-vo-studena-voda-05.jpg

Семејството на младата девојка поднесе и тужба против Вим Хоф и неговата компанија и покрај сумата од над 60 милиони евра, бара и забрана за работа.

Вим Хоф се има огласено за тужбата преку адвокати, истакнувајќи дека секогаш предупредува за опасностите на техниките.

Тој вели и дека не препорачува некој да ги пробува техниките без водство и да не оди кај тренер кој нема никаква врска со него.

ledeniot-chovek-vim-hof-se-soochuva-so-tuzhbi-kjerka-mi-umre-bidejkji-go-proba-negoviot-metod-vleguvanje-vo-studena-voda-02.jpg

На веб-сајтот на Вим Хоф, исто така е нагласено дека ако некој има каков било проблем со здравјето, како висок крвен притисок или проблеми со срцето, никако да не ги пробува техниките.

„Важно е да нагласам дека не препорачуваме да ги пробувате методите на Вим Хоф ако имате одредени проблеми со здравјето и препорачуваме да се консултирате со лекар“, има изјавено синот на Ледениот човек.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава