Минијатурна елка, робот со дедомразовска капа: Божиќ на Меѓународната вселенска станица (фото)

Иако двајца од астронаутите се заглавени на Меѓународната вселенска станица до март, сепак не дозволиле тоа да им го расипе Божиќ, па прославија со петте колеги кои се со нив во орбита.

minijaturna-elka-robot-so-dedomrazovska-kapa-bozhikj-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-01.jpg

Моментално на Меѓународната вселенска станица се наоѓаат седум астронаути, а синоќа (24.12) и тие имаа бадникова вечера по повод католичкиот Божиќ.

Иако двајца од астронаутите – Суни Вилијам и Буч Вилмор – се заглавени на станицата до март, сепак изгледа дека барем празничната сезона ја поминуваат добро.

minijaturna-elka-robot-so-dedomrazovska-kapa-bozhikj-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto--07.JPG

Суни и Буч, заедно со двајца од колегите, Ник Хаг и Дон Петит, снимија видео со божиќна порака кое е споделено и на Јутјуб.

Секој од астронаутите им посакува среќен Божиќ на оние кои слават и сите истакнуваат дека за празниците им недостасуваат семејствата.

minijaturna-elka-robot-so-dedomrazovska-kapa-bozhikj-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto--04.JPG

„Знаете дека празничната сезона треба да се помине со пријателите, семејството и саканите.

Годинава ние ќе бидеме во орбита далеку од нив, па сакаме да им посакаме среќен Божиќ и се надеваме дека ќе имате прекрасен празник“, вели астронаутот Ник.

Тој сподели и фотка на Твитер од божиќната вечера.

„Кога мислам на празниците, мислам на божиќните вечери, со семејството и пријателите собрани за вкусен ручек и десерт“, пишува во објавата.

minijaturna-elka-robot-so-dedomrazovska-kapa-bozhikj-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto--03.JPG

Ник покажа и како изгледа минијатурната елка на Станицата, како и подароците за астронаутите.

„На станицата нема трчање до продавница во последен момент…

Тим џуџиња ги спакува подароците пред шест месеци!“

minijaturna-elka-robot-so-dedomrazovska-kapa-bozhikj-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto--05.JPG

minijaturna-elka-robot-so-dedomrazovska-kapa-bozhikj-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto--06.JPG

ОД НАСА, пак, споделија фотка од робот кој се наоѓа на станицата кој си добил дедомразовска капа, иста како на астронаутите.

Од агенцијата исто така им го честитаа Божиќ на католиците со фотографија од зелена маглина која наликува на елка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава