Застрашувачки момент кога векови стара кула во Кина се руши - туристи бегаат, прашина насекаде (видео)

Ќе се води истрага дали реновирањето од 1995-тата година било направено соодветно. Застрашувачка сцена од Кина каде за чудо немаше жртви... Потсетува на страшната трагедија со рушењето на натстрешницата во Србија, кога имаше 14 жртви, и ежи.

zastrashuvachki-moment-koga-vekovi-stara-kula-vo-kina-se-rushi-turisti-begaat-bila-renovirana-foto-01.jpg

Застрашувачка ситуација од Кина се прошири вирално низ целиот свет.

Станува збор за рушење на дел од векови старата кула позната како „Храмот во Фенгјанг“ или „Кулата со тапани во Фенгјанг“ во кинеската провинција Анхуи (поточно во градот Фенгјанг), од која паѓаат стотици плочки и удираат на земја во близина на посетители на локацијата.

zastrashuvachki-moment-koga-vekovi-stara-kula-vo-kina-se-rushi-turisti-begaat-bila-renovirana-foto-06.jpg

Туристите бегаат на страна и, за среќа, нема повредени.

Настанот се случил во понеделникот (19.05) во 18:30 часот.

zastrashuvachki-moment-koga-vekovi-stara-kula-vo-kina-se-rushi-turisti-begaat-bila-renovirana-foto-07.jpg

„Кулата со тапани“, за која се смета дека е најголемата од ваков тип во Кина, била изградена во 1375 година за време на династијата Минг, но била темелно реконструирана во 1995 година.

Властите од Кина велат дека е започната истрага за случајот.

zastrashuvachki-moment-koga-vekovi-stara-kula-vo-kina-se-rushi-turisti-begaat-bila-renovirana-foto-05.jpg

Од местото веднаш по уривањето биле отстранети присутните лица и областа била обезбедена.

Истрагата ќе се фокусира на проектот за реконструкција, односно на неговиот дизајн и изведба.

zastrashuvachki-moment-koga-vekovi-stara-kula-vo-kina-se-rushi-turisti-begaat-bila-renovirana-foto-04.jpg

Кулата е затворена додека траат поправките и истрагата.

Видеата што кружат на социјалните мрежи прикажуваат како дел од покривот се урива за само неколку секунди, создавајќи облаци прашина, додека туристите панично трчаат на безбедно.

zastrashuvachki-moment-koga-vekovi-stara-kula-vo-kina-se-rushi-turisti-begaat-bila-renovirana-foto-02.jpg

Кликнете на видеото од настанот:

Видеа од Твитер:

Прочитајте и Крвави дланки на улиците, стихови од Балашевиќ - Моќни видеа од протестите во Нови Сад, по несреќата која одзеде 14 животи

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Застрашувачки сцени од пожар во бар во Бангкок – загинати се најмалку 27 луѓе, повеќето се криеле во... Трагедија во Тајланд... Пожарот во барот избувнал близу сцената, а се шират заст...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава