Крвави дланки на улиците, стихови од Балашевиќ - Моќни видеа од протестите во Нови Сад, по несреќата која одзеде 14 животи

„Не би била оваа крв, да беше сè по законот“ – стиховите на Ѓорѓе Балашевиќ станаа химна на масовните протести во Нови Сад. Србите масовно се кренаа на нозе и бараат одговорност за трагедијата во која животите ги загубија 14 невини души.

mokjno-video-od-srbite-koi-se-krenaa-na-noze-vo-novi-sad-za-14-te-nevini-dushi-01.jpg

Србија и Нови Сад не можат да се помират со трагедијата која се случи минатата недела, во петокот (01.11), кога бетонска натстрешница се сруши на железничката станица, а животот го загубија 14 лица, додека 3 лица се борат за живот.

Трагичните приказни за мајката која го оставила детето на клупата за да купи билет, за дедото кој со своите внуки тргнал на слава, но и за еден сопруг кој нетрпеливо ја чекал сопругата да му се јави само за да дознае дека неа повеќе ја нема, се објавени во сите регионални медиуми.

Синоќа (05.11) во 18 часот со едноминутно молчење, започна масовниот протест во Нови Сад каде се собраа илјадници луѓе од цела Србија кои бараа оставки и кривична одговорност од сите директно или индиректно одговорни за трагедијата.

„Крвта е на вашите раце“, „Сите ние сме под настрешницата“ – се некои од слоганите кои беа испишани на транспарентите што луѓето ги носеа со себе, а за време на мирните протести фрлаа црвена боја која ја симболизираше крвта на невините души кои ги загубија животите, меѓу кои и неколку малолетни деца.

На социјалните мрежи утрово масовно се споделуваат видеа од масовниот протест кој започна мирно, а потоа ескалира, кога поединци почнаа да вандализираат објекти низ градот.

Сепак, Србите сплотени успеаја да испратат силна порака до одговорните дека ваква трагедија не може и не смее да се повтори.

mokjno-video-od-srbite-koi-se-krenaa-na-noze-vo-novi-sad-za-14-te-nevini-dushi-02.jpg

Во продолжение погледнете дел од најмоќните видеа што утрово се споделуваат на социјалните мрежи:

На социјалните мрежи масовно се споделува видеото направено со дрон од протестите од страна на filmedia.rs, каде во заднина може да се слушне познатата песна на Ѓорѓе Балашевиќ, „Не ломите ми багрење“, кое започнува со познатите стихови:

„Сè по законот, за тоа сум прв, не би била оваа крв, да беше сè по законот“.

Овие стихови воедно станаа и парола на масовните протести во Нови Сад.

„Нови Сад за настраданите сограѓани. За 14-те невини души, за Тина и Сара“.

„Ти благодариме Белград! Ти благодариме цела Србијо! Ви благодариме што сте со нас во овие тешки мигови… Премногу сме тажни!“

„Величествено… Достоинствено… Нови Сад“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србиј... Пораснале опкружени со изобилие и во луксуз и се наследнички на најбогатите српс...
110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...
Нови мерки за спас од гужви на граница кон Грција – привремено ќе се стопираат биометриските проверк... Иако системот за биометриско собирање податоци нема да биде целосно прекинат лет...

Најчитани неделава