„Син ми се преправал дека е мртов за да се спаси“: Потресни сведоштва за масакрот во средното училиште во Грац

„Син ми ми се јави за да ми каже дека во училиштето има пукање, дека мисли дека ќе умре. Дури два часа подоцна дознав дека е жив“, гласи изјавата на мајка чие дете учело во училиштето во Австрија каде што се случи вчерашниот масакр.

sin-mi-se-prepraval-deka-e-mrtov-za-da-se-spasi-potresni-svedoshtva-za-masakrot-vo-srednoto-uchilishte-vo-grac01.jpg

Во Австрија е прогласена тридневна жалост по вчерашната трагедија кога поранешен ученик упадна во средно училиште и почна да пука.

Според последните информации, напаѓачот има 21, а не 22 години како што се споделуваше вчера. Биле повредени над 20 лица, од кои најмалку две биле во критична состојба. На неколку повредени им биле направени и операции.

Сепак, некои медиуми споделуваат дека бројот на повредени е помал.

tragedija-vo-avstrija-mazh-ubil-9-i-ranil-30-lugje-vo-sredno-uchilishte-vo-grac-pred-da-se-samoubie-_copy.JPG

За жал, бројот на жртви е поголем – напаѓачот убил десет, а не девет лица, вклучувајќи и ученици на возраст од 14 до 18 години.

Напаѓачот и самиот се застрелал, а австриските медиуми пренесуваат дека бројот на жртви можеби е и поглем.

tragedija-vo-avstrija-mazh-ubil-9-i-ranil-30-lugje-vo-sredno-uchilishte-vo-grac-pred-da-se-samoubie-9_copy.JPG

Како што пренесува CNN, 21-годишниот напаѓач учел во училиштето, но не матурирал, а со себе носел две оружја – пиштол и ловечка пушка. Се верува дека и двете оружја ги поседувал легално.

Засега не е познат мотивот на убиецот, но полицијата потврди дека нападот го испланирал сам.

Некои австриски медиуми споделија дека напаѓачот бил жртва на булинг додека учел во училиштето, како и дека прво влегол во неговата поранешна училница.

sin-mi-se-prepraval-deka-e-mrtov-za-da-se-spasi-potresni-svedoshtva-za-masakrot-vo-srednoto-uchilishte-vo-grac-02.JPG

„Напаѓачот е 21-годишен Австриец од Грац. Според сегашните информации, биле искористени две оружја кои беа најдени на местото на злосторот. Овие оружја се испитуваат.

Се претпоставува дека осомничениот напаѓач ги поседувал легално. Засега не можеме да дадеме каква било информација за мотивот“, гласи официјалната изјава од полицијата во Грац.

sin-mi-se-prepraval-deka-e-mrtov-za-da-se-spasi-potresni-svedoshtva-za-masakrot-vo-srednoto-uchilishte-vo-grac-05.JPG

Над 300 полицајци и војници биле вклучени во евакуацијата на училиштето, а пристигнале и 65 амбулантни возила со над 150 болничари.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава