Застрашувачки поплави низ Њујорк, по обилен дожд – водата влегла и во метрото (фото+видео)
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
По обилниот дожд, скоро цел Њујорк се најде под вода, а биле поплавени и метро станици, поради што неколку линии не биле во функција. Времето во американскиот град почна да се стабилизира, но на Твитер уште се споделуваат видеа од страшните поплави.

По поплавите во Тексас во кои имаше и жртви, САД се соочуваат со уште една природна катастрофа – овој пат поплави во градот Њујорк.
Откако во областа на градот почнаа обилни дождови, во неделата (13.07) надлежните излегоа со предупредување за опасност од поплави.
На луѓето кои имаат или живеат во подрумски простории им беше наредено да се подготват да ги напуштат домовите бидејќи опасноста од поплави значително се зголемила.
До другите жители беше испратен апел да не излегуваат надвор и да ги одложат сите патувања кои не се неопходни.
Обилните дождови продолжија и улиците низ Њујорк се најдоа под вода преку ноќ. Водата почнала да влегува и во метрото, па неколку линии не биле во функција.
Обилните дождови зафатиле и делови од Њу Џерси каде што исто така има поплави.
Врнежите од дожд се намалиле синоќа и метеоролозите очекуваат стабилно време до вечерва.
Добрите вести од целта катастрофа се дека нема загинати, ниту лица со сериозни повреди.
Нивото на водата на поплавените места е намалено, но на Твитер уште масовно се споделуваат застрашувачки видеа од кои повеќето се снимени вчера.