Почина кралот на модата, Џорџо Армани, на 91 година

„Со огромна тага, групацијата Армани објавува дека креаторот, основачот и неуморниот двигател, Џорџо Армани нè напушти“, пишува во соопштението.

pochina-kralot-na-modata-djordjo-armani-na-91-godina-01_copy.jpg

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91 година.

pochina-kralot-na-modata-djordjo-armani-na-91-godina-02.jpg

Веста за неговата смрт ја потврдија од модната куќа која го носи неговото име.

„Со огромна тага, групацијата Armani објавува дека креаторот, основачот и неуморниот двигател, Џорџо Армани нè напушти“, пишува во соопштението.

Армани беше втор најбогат човек во Италија, веднаш зад наследникот на империјата Nutela, Џовани Ферер.

Тој ја прошири својата модна империја откако во неа вклучи ресторани, луксузни хотели, меѓу кои и хотелот Armani во Бурџ Халифа во Дубаи.

pochina-kralot-na-modata-djordjo-armani-na-91-godina-01-03.jpg

Армани го промени начинот на кој жените се облекуваат за работа и се изразуваат во професионална средина.

Неговите ревии беа раскошни, со впечатливи додатоци и фустани со светки, но секогаш базирани на класични кроеви.

Роден е на 11 јули 1934 година во Пјаченца. Израснал во скромно семејство со родителите Марио и Уго, братот Серџо и сестрата Розана.

Иако немале многу, неговите пријатели им завидувале на облеката што ја правела неговата мајка.

Clip.jpg

Пред да се посвети на модата, сакал да стане доктор и студирал медицина на Универзитетот во Милано, но по три години се откажал од студиите.

Неговата одлука го променила светот и начинот на кој се облекуваат жените, поради што го нарекуваа и крал на модата.

Прво бил организатор на излози во стоковната куќа „Ла Ринашенте“ во Милано, а потоа продавач и соработник во одделот за машка мода.

Својата прва вистинска дизајнерска можност ја доби во шеесеттите години во модната куќа „Нино Черути“.

pochina-kralot-na-modata-djordjo-armani-na-91-godina-06.jpg

Кон крајот на шеесеттите години, тој го запозна архитектот Серџо Галеоти, со кого започна долгорочна лична и деловна врска.

Заедно ја основаа модната куќа Armani во 1975 година, а истата година, на 31-годишна возраст, Џорџо ја претстави својата прва машка колекција, заедно со женска линија за пролет/лето 1976 година.

Армани никогаш не се оженил, ниту имал деца.

Тој го посвети целиот свој живот на модата и градењето бренд што стана синоним за елеганција.

Прочитајте и Џорџо Армани е еден од најбогатите луѓе во модниот свет - како заработи 9 милијарди долари?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има 11 сопруги, троши милиони, а неговиот народ гладува: Кој е африканскиот крал што се споделува ви... Кралот на Свазиленд има 11 сопруги и над 20 деца, а честопати е критикуван дека ...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...

Најчитани неделава