„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од Инстаграм“
Џордан себеси се опишува како интроверт, но вели дека дури и него ова му претставувало проблем.
„Мислев дека ќе бидам во ред со површни познанства. Но, на луѓето им треба да припаѓаат некаде, и површните познанства делуваат поинаку кога немате други.
Ќе сретнете прекрасни луѓе, ќе разговарате, ќе размените контакт и потоа… ништо. Сите ќе си заминат“.
Бидејќи не биле лоцирани на само едно место, Џордан и Ема постојано морале да го планираат нивниот следен чекор.
Очекувано, сето ова било заморно.
„На секои неколку денови моравме да одлучиме каде ќе одиме следно, како ќе стигнеме таму, каде ќе престојуваме, дали е безбедно, дали има добар интернет…
Се сеќавам еднаш додека седевме во кафетерија во Лисабон и пробував да ги испланирам следните чекори, па си помислив: ’Зарем за ова се откажав од стабилниот живот?‘“
Во шесте месеци на пат, и врската на Џордан и Ема почнала да страда.
Тоа што биле заедно 24 часа и немале различни хобија и интереси се одрази лошо.
„Една работа што никој не ја спомнува кога патувате како пар е тоа дека сте постојано заедно. Не во смисла заедно да гледате телевизија откако ќе си дојдете од работа, туку заедно сте 24 часа.
Мене и на Ема ни беше добро во Њујорк бидејќи си имавме различни рутини, различни пријатели, различен личен простор. Додека патувавме, си бевме сè - колеги, цимери, забава.
Излезе дека го користевме зафатениот живот за да не забележиме дека се оддалечуваме. Без ’нормалниот‘ живот, нашите разлики станаа очигледни.
Раскинавме два месеца откако се вративме, но искрено, нашата врска заврши некаде помеѓу Виетнам и Камбоџа“.
Многумина тргнуваат на вакво патување за да се пронајдат себеси, а истото било и за Џордан.
Сепак, вели дека не искусил никакво духовно будење.
„Наместо тоа, најголем дел од времето минував во чекање. Чекање автобуси, чекање на аеродроми, чекање да се случи нешто значајно.
Социјалните мрежи прават патувањето да изгледа како едно прекрасно искуство по друго. Реалноста се многу здодевни моменти, со повремен восхит…
Секако дека научив некои работи за мене. Но, можев да ги научам побрзо и поевтино ако одев на терапија“.
На крај, Џордан вели дека сега е среќен со својот здодевен живот.
Со Ема не им било лесно да се помират со фактот дека не успеале во номадскиот живот. Но, на крај прифатиле дека тој начин на живот сепак не е за нив.
„Научив дека животот од којшто бегате е обично животот што треба да го средите, а не да избегате од него. Географската оддалеченост нема да ви ги реши проблемите.
Овој начин на живот функционира за некои луѓе, но не е како на Инстаграм. Сега живеам во еднособен стан. Имам фиока со чорапи.
Редовно ги гледам моите пријатели и имам омилена кафетерија каде што ми ја знаат нарачката. И искрено – посреќен сум отколку на сите ’рајски‘ дестинации“.
Спирова С. | Црнобело
