Вознемирувачки инцидент: Maж ја бакнува во врат и ја фаќа за гради мексиканската претседателка (видео)
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
Вирално се шири видео од непријатен момент – додека претседателката на Мексико разговара со граѓани, маж зад неа доаѓа, ја бакнува во врат и пробува да ја фати за гради. „Ако ова се прави на претседател, што се случува со другите жени во земјата?“ - изјавила таа по случката.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум се соочи со непријатен инцидент додека разговараше со своите граѓани на улиците во Мексико Сити.

Се појави видео, на кое се гледа како, веројатно пијан маж, пробува да ја бакне во врат, ја прегрнува одзади и тргнува кон нејзините гради, кога таа го оттрга од себе.
Дури откако таа ќе го тргне, владини лица се упатуваат кон неа да ја заштитат и да го оттргнат мажот, што го предизвикува прашањето за недостатокот од претседателско обезбедување, но и за нивото на сексуално вознемирување со кое се соочуваат жените во Мексико.

Од полицијата подоцна потврдиле дека мажот бил уапсен, а претседателката на прес-конференција изјавила дека поднела жалба:
„Ова е нешто што јас го искусив како жена, но и нешто што сите жени во земјава го искусуваат.
Ако јас не пријавам, каде ги остава тоа другите мексикански жени?
Ако ова се прави на претседател, што се случува со другите жени во земјата?“

Погледнете го видеото:
M. M. | Црнобело