Нов тим астронаути „заглавени“ во вселената, на кинеската станица – јавноста го моли Илон Маск да ги спаси
- Детали
- петок, 07 ноември 2025
Тројца кинески астронаути кои поминаа шест месеци на кинеската вселенска станица ќе треба да останат таму уште некој период, откако капсулата за враќање на Земјата била оштетена, најверојатно од вселенски отпад. Јавноста, пак, го моли Илон Маск да ги спаси со капсулите и ракетите на SpaceX.

Околу осум месеци откако беа спасени астронаутите кои беа „заглавени“ на Меѓународната вселенска станица, друг тим астронаути се соочуваат со ист проблем.
Овој пат, тројца астронаути од Кина се заглавени на кинеската вселенска станица, откако се оштетила капсулата што треба да ги врати на Земјата.
Во средата (05.11), капсулата на астронаутите била удрена од „непознат објект“ поради што била оштетена.
Тројцата астронаути се во кинеската вселенска станица повеќе од половина година, односно од 24-ти април.
Требаше да се вратат на Земјата на петти ноември, но тогаш Кинеската вселенска агенција издаде соопштение дека враќањето е одложено.
Во соопштението беше наведено дека капсулата била удрена од „непознат објект“, најверојатно вселенски отпад, па во тек е анализа на оштетувањето.
Засега нема други детали, но ако анализата покаже дека капсулата не е безбедна за екипаж, тогаш ќе се врати на Земјата празна.
За астронаутите, пак, не е познато кога ќе имаат можност да се вратат назад.
Бидејќи вселенската компанија на Илон Маск – SpaceX – помогна во спасувањето на астронаутите од Меѓународната вселенска станица, сега јавноста предлага истата компанија да му помогне и на кинескиот тим.
Но, Кина и САД не соработуваат кога се во прашање вселенски истражувања и мисии, па не е познато дали ова ќе биде изводливо.
Притоа, станицата може да не е компатибилна со капсулите на SpaceX што претставува сериозен проблем.
Инаку, кинеската вселенска страница беше лансирана во 2021 година и обично на неа престојуваат по тројца астронаути.
Но, моментално се шест – тројцата заглавени и нов тим од тројца астронаути кои пристигаа неодамна, како замена.
Поради конфликтите и тензиите меѓу Кина и САД, Кина не смее да ја користи Меѓународната вселенска станица, па затоа и лансира своја.
За потсетување, астронаутите кои беа заглавен на Меѓународната вселенска станица поминаа девет месеци повеќе во вселената. Беа вратени назад на 19-ти март, а целото патување траеше околу 17 часа.
Погледнете и: Заглавените астронаути се вратија на Земјата: Не можат да одат сами, може да имаат проблеми со срцето и видот
Спирова С. | Црнобело
