Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле
- Детали
- петок, 23 јануари 2026
Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намалува, па се предвидува дека болеста целосно ќе се искорени до 2035 година.

Во време кога негативните вести се шират побрзо од сè и кога ни се чини дека не се случува ништо добро, позитивните вести можат да бидат вистинско освежување.
Среде целиот хаос, во светот навистина се случуваат и убави работи на кои вреди да се обрне внимание.
УБави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле:
Во Австралија можно е целосно да се елиминира ракот на грлото на матката
Според нов извештај, Австралија е на пат целосно да го елиминира ракот на грлото на матката до 2035 година бидејќи бројот на случаи постојано се намалува.
Во 2021 година, бројот на заболени се намалил на 6,3 од 100.000 жени, за разлика од 2020-та, кога бројот изнесувал 6,6 од 100.000 жени.
Притоа, во 2021-ва, немало нови случаи со рак на грло на матка кај жени помлади од 25 години.
Уште подобро е што постепено се зголемувале и шансите за преживување, односно биле намалени смртните случаи предизвикани од рак на грлото на матката.
Џиновските панда мечки веќе не се загрозен вид
Џиновските панда мечки веќе не се загрозени, туку се класифицирани како „ранлив вид“.
Во 1980-тите, во Кина имало само околу 1.114 панда мечки, додека анализа од 2014-та покажала дека бројот се зголемил на 1.864 единки кои живеат во дивината.
По неколкудецениска работа, денес се проценува дека бројот изнесува и над 2.000 единки, од кои голем дел живеат во засолништа.
Сепак, организациите за заштита апелираат на важноста да се зачува природниот дом на овие суштества бидејќи заканата за нивното изумирање уште постои.
