Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле
Ќе се гради првото засолниште за слонови во Европа
Во Португалија ќе се гради првото европско засолниште за слонови кои биле спасени од заробеништво.
Огромното засолниште ќе се користи за згрижување слонови кои биле спасени од циркуски и зоолошки градини во Европа, а се очекува да почне со работа во 2026 година.
Се проценува дека овде ќе можат да бидат згрижени помеѓу 20 и 30 слонови, кои ќе ја добијат соодветната помош и поддршка по траумите што ги преживеале.
Овде ќе можат да се движат слободно исто како во дивината, а сите нивни потреби за храна, вода и социјализација ќе бидат задоволени.
Нормално, ќе имаат и соодветна медицинска нега со цел животот да им се направи што е можно поудобен.
Португалија е избрана како локација за засолништето поради поволните временски услови за овие убави животни.
Зелената морска желка веќе не е загрозен вид
Уште еден животински вид кој има шанси да биде спасен.
Зелената морска желка која живее во океаните и морињата ширум целиот свет, конечно е тргната од листата на загрозени животински видови.
Со децении, бројот на овие животни се намалуваше поради ловењето, загадувањето на океаните и плажите, а доста често животните умираат и кога се заглавуваат во рибарски мрежи.
Но, од 1970-тите, нивниот број е зголемен за околу 28%, благодарение на напорните обиди за заштита од страна на низа организации.
Сепак, важно е да е нагласи дека во некои области, овие животни уште се загрозен вид.
На пример, на најголем ризик се изложени желките во Индискиот Океан, додека оние во северниот дел на Атлантскиот Океан се побезбедни, иако постои ризик нивниот број да почне да се намалува.
Во Канада е забрането чувањето слонови и големи примати во заробеништво
Во 2023 година, во Канда беше претставен закон со кој се забранува заробеништвото на слонови и големи примати.
Овие животни може да се чуваат во заробеништво само доколку се загрозени, односно да бидат чувани во засолниште.
„Слоновите се самосвесни, многу социјални и емоционални, со големи живеалишта во Африка и Азија. Заробените слонови покажуваат сериозни здравствени, бихевиорални и репродуктивни проблеми, а имаат и скратен животен век.
Во Канада, во минатото слоновите се користеле за забава, но тоа се забранува со овој закон.
Големите примати (шимпанза, горила, орангутани), најблиските роднини на луѓето, се самосвесни, социјални и емоционални, со комплексни живеалишта.
Големите примати во несоодветни услови се соочуваа со сериозни здравствени и бихевиорални проблеми.
Истовремено, сите големи примати се загрозен вид, па програмите за нивно размножување може да помогнат во нивната заштита“, пишува на официјалниот веб-сајт на Канада.
Спирова С. | Црнобело
