„Станав инфлуенсерка - соседите ме нарекуваат ѕвезда од маало и ме озборуваат за гратис одморите“
Нејзината објава на Инстаграм во целост:
„Моите соседи ме мразат!
Изгледа за нив сум „локална славна личност“ што не работи, сè ѝ е бесплатно, оди на премногу одмори, ослабела и премногу се сака себеси.

Замисли тоа да биде навреда во 2026 година.
Ајде да кажам еднаш засекогаш…

Горда сум на животот што го изградив.
Горда сум на килограмите што ги симнав.
Горда сум што конечно се сакам себеси.
Ништо од тоа не ми беше дадено.

Станав мајка млада, работам од многу млада.
Сум се мачела како сите други, па и повеќе.
Дури сум разнесувала кинеска храна бремена 9-ти месец со ќерка ми, само за да имам да платам сметки.

Сум живеела во социјални станови од државата.
Сум примала државна помош кога ми требала.
Сум се градела одново, повеќе од еднаш.

Отследи ме!
Но, никогаш нема да се извинам затоа што напредувам!

Ако тоа што се сакам себеси, патувам, работам за себе и градам нешто од ништо ве навредува… Тоа кажува повеќе за вас отколку за мене!“
А сега… Одам назад кон мојот прекрасен живот!“
С. С. | Црнобело