Закопани тела на девојки, скриен крематориум: Што има на озлогласениот ранч на Епстин во Ново Мексико?
- Детали
- вторник, 10 март 2026
Дури сега надлежните првпат го пребаруваат ранчот на Епстин во Ново Мексико каде наводно ги правел неговите најсурови криминални дела. Според некои извори, на ранчот имало скриен крематориум, додека во пустината одоколу биле закопани тела на девојки. Сепак, овие тврдења уште не се поткрепени со докази.

Веќе секој слушнал за приватниот остров на Џефри Епстин каде што ги носел своите жртви.
Но, ова не е единствениот озлогласен имот на педофилот.
Се претпоставува дека своите најодвратни злодела Епстин ги правел на неговиот огромен ранч во Ново Мексико кој дури сега е пребаруван од полицијата.
Моментално имотот е во сопственост на бизнисмен и политичар од Тексас кој според надлежните, целосно соработувал со полицијата за време на истрагата.
Пребарувањето почнало минатиот месец, по наредба на ФБИ, откако во јавност се појавија тврдења дека Епстин ги носел жртвите на имотот, ги малтретирал, но и ги закопувал во пустината.
Епстин го купил имотот во 1993 година каде изградил огромна хациенда, неколку гостински куќи, базен, гаражи, хангар, приватен аеродром и хелидром.
Епстин почина во 2019 година, додека чекаше судење за трговија со луѓе и сексуално малтретирање на бројни малолетни девојчиња.
Ранчот бил продаден во 2023-та, од страна на правното тело што управува со имотот на Епстин.
Агентите од ФБИ кои работат на случајот на Епстин знаеле за имотот, но почнале повеќе да се интересираат за него поради изјава на полицаец за сомнителна градба на имотот.
Имено, полицаецот се сомневал дека во градбата е скриен крематориум.
Пред да се пензионира, полицаецот патролирал во близина на ранчот околу 15 години и многу работи му биле сомнителни.
Неговата изјава се наоѓа во документите од случајот на Епстин, додека името му е скриено.
„Градбата изгледа сомнително бидејќи има врата за контролиран влез и излез, а има и оџак. Полицаецот е загрижен дека во градбата може да е скриен крематориум.
Неодамна зад градбата е ставена стара камп-приколка, за која полицаецот вели дека не е поставена прописно. Тој вели дека има засилено обезбедување на имотот, како камери, заклучени порти и други безбедносни мерки.
Тој сака да ја пријави информацијата до ФБИ бидејќи е загрижен дека во градбата се уништуваат докази“.
Полицаецот открил и дека на ранчот честопати гледал моќни и богати луѓе. Тој додава дека слушнал гласини дека Епстин го користи ранчот за „девојките што ги регрутира“.
Во документите има и мејл испратен во 2019-та, по смртта на Епстин, од личност која тврди дека работела на ранчот.
Според него, на ранчот починале две девојки кои биле силувани, а потоа биле закопани по наредба на Епстин.
Во мејлот е наведено дека телата на девојките биле закопани некаде на ридовите околу имотот на Епстин.
Испраќачот на мејлот тврди и дека имал изгледано експлицитни видеа со малолетнички направени во куќата, кои педофилот ги чувал за уцена.