Закопани тела на девојки, скриен крематориум: Што има на озлогласениот ранч на Епстин во Ново Мексико?
Досега надлежните го имаат пребарано островот на Епстин, неговите домови во Њујорк и Палм Бич, како и неговиот стан во Париз.
Но, се претпоставува дека ова е првпат да го пребараат озлогласениот ранч.
Ранчот го посетувале и славни луѓе, како Вуди Ален, Ноам Чомски, но и принцот Ендру.
И многу од жртвите на Епстин имаат споделено дека ги носел на ранчот каде што биле силувани не само од него, туку честопати и од неговите гости.
За време на сослушување од 2019-та, неколку недели по смртта на Епстин, анонимна жртва го сподели своето страшното искуство на ранчот.
„Во 2004-та, кога имав 15 години, Епстин ме однесе на неговиот ранч со авион, каде што потоа со часови ме силуваше.
Она што го помнам најмногу е како ми објаснуваше дека ова искуство било корисно за мене и дека ми помагал да пораснал…
Се сеќавам дека се чувствував многу мало и немоќно…“
Официјално, засега надлежните немаат споделено докази што потврдуваат дека Епстин убивал и закопувал девојки на имотот.
Но, ветија дека ќе ја известат јавноста штом ќе дознаат нешто повеќе.