Хеликоптери се судрија над паркинг во Бразил - сите патници се загинати, жртва е и познат американски пејач (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2026
Во вчерашната хеликоптерска несреќа во Бразил животот го загубија шест лица, меѓу кои е и американскиот пејач Оливер Три. Трагедијата се случила кога два хеликоптера се судриле и паднале врз паркинг со електрични возила, при што настанал и пожар.

Вчера (14.06) наутро во Бразил се случи хеликоптерска несреќа во која загинаа шест лица, вклучувајќи и познат пејач од САД.
Несреќата се случила кога два хеликоптера се судриле во Рио де Жанеиро и се срушиле врз паркинг на продавница за електрични автомобили.
По судирот настанал и пожар во кој изгореле 20-тина автомобили, а бидејќи се електрични, за пожарникарите било вистински предизвик да го изгасат огнот.
По трагедијата се огласи портпаролот на локалната пожарна служба, кој сподели дека ваквите пожари се особено тешки за гаснење поради гасовите што ги ослободуваат батериите на возилата.
„Кога ваква батерија ќе се запали, ослободува многу токсични гасови и ја зголемува температурата на огнот.
Гаснењето пожар од вакво возило бара три до четирипати повеќе вода отколку за обичен пожар“.
Тој додава дека во целата несреќа, добро е што хеликоптерите се срушиле врз паркингот бидејќи областа е густо населена и трагедијата можела да биде многу поголема.
Во едниот хеликоптер имало пет луѓе, а во другиот само пилот, а сите шест лица, за жал, загинале.
Кратко по несреќата, CNN откри дека меѓу жртвите е и познатиот американски музичар Оливер Три кој имаше 32 години.
Меѓу жртвите има и многу помлада личност – 23-годишен јутјубер од Аргентина познат како Gaspi.
Засега не е позната причината за несреќата, а надлежните работат на истрагата.
„Делови од хеликоптерите беа расфрлани на стотина метри од несреќата. Информациите што ги имаме сега се малубројни.
Треба да ги провериме снимките и видеата за да разбереме што се случило“, додава портпаролот на пожарната служба.
Оливер Три беше препознатлив по ексцентричниот стил, а стекна огромна популарност на социјалните мрежи.
Неговите најпознати песни се Life Goes On и Miss You, додека музичките видеа на пејачот имаат над милијарда прегледи на Јутјуб.
Само 24 часа пред несреќата, пејачот сподели објава на Инстаграм во која откри дека првпат ја посетува Бразил.
На социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии и видеа од несреќата.