Швајцарија - втора година по ред, најиновативна земја на светот

svajcarija-vtora-godina-po-red-najinovativna-zemja-na-svetot

Матичната земја на NESTLÉ, светскиот лидер во прехрамбената индустрија, Швајцарија е прогласена за најиновативна држава во светот. Рангирањето е спроведено според глобалниот индекс за иновации на светската организација за интелектуална сопственост (World Intellectual Property Organization) и INSEAD бизнис школата.

Како главен менаџер за технолошките операции во NESTLÉ сметам дека за иновативност првенствено е потребно креирање на вистинска околина која ќе овозможува создавање на идеи. Најиновативните фирми ја практикуваат културата на интерактивност, отвореност и споделување на работното место, а исто така и надвор од него, а за да се постигне тоа многу е важна околината во која делува фирмата. Секако, за позицијата на NESTLÉ како водечки светски лидер во производи за широка потрошувачка, дел од заслугата во делот на иновативноста имаат и швајцарски корени, кои ни овозможија едни од најстабилните и најпродуктивни околини за иновации“, потенцира Werner Bauer, главен менаџер за технолошки операции во NESTLÉ.

Денеска, NESTLÉ вложува 1,9 милијарди швајцарски франци годишно на истражување и развој, а половина од тоа е концентрирано во Швајцарија, каде што постои Меѓународното седиште и 8 од 32 центри за исражување и развој на NESTLÉ. Само оваа година NESTLÉ во Швајцарија отвори три нови установи за истражување и развој: NESTLÉ институт за Здравствени науки, Центар за системски технологии и нова единица за клиничко истражување.

Пласманот во 141 растечки и развојни пазари се темели врз истражувачките институции, инфраструктура, кредити, инвестиции и поврзаност на индустријата и високото образование, патентирањето, научни публикации и креативна продуктивност. Оваа врста на класификација е исклучително важна бидејќи ги охрабрува законодавците, претприемачите и другите вклучени страни на дијалог и унапредување на системот на истражување и развој. Треба да се истакне дека баш поврзаноста помеѓу производните фирми, давателите на услуги, финансиските институции, универзитети и владини организации во Швајцарија имаат клучна улога во иновациите.    

Верувам дека швајцарските Универзитети се меѓу најдобрите во светот. Затоа, во 2011 година нашиот центар во Швајцарија вработи 125 високо квалификувани млади луѓе од швајцарските универзитети. Преку практичното образование регрутираме преку 150 практиканти секоја година за нашите центри за исражување и развој“ нагласува Werner Bauer.

Би можело да ве интересира:

Ким Џонг Ун, контроверзниот лидер на Северна Кореја, ја избра 13-годишната ќерка за иден владетел на... Од тестирање на ракети до секаков тип на настани, лидерот ја носеше ќерка си сек...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Порано се срамела, сега гордо го покажува – Девојката со најширок јазик во светот Во детството ја исмејувале и луѓето постојано ѝ коментирале за широкиот јазик, п...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...

Најчитани неделава