Реиздание на албумот „Bad“ на Мајкл Џексон

reizdanie-na-albumot-bad-na-majkl-dzekson

Реизданието на славниот албум на починатата поп икона Мајкл Џексон „Bad“ под насловот „Bad25“ излегува на 18-ти септември.

Албумот покрај песните од оригиналното издание ќе содржи и две досега необјавени демо снимки, како и CD и DVD снимки на концертот на Мајкл Џексон на стадионот„Вембли“ во Лондон за време на светската турнеја со која беше промовиран албумот „Bad“.

Според пишувањето на порталот Showbiz 911, баладата „I'm So Blue“ и фанк нумерата „Song Groove“ (Abortion Papers)“, непознати се дури и за лицата со коишто Џексон соработувал на создавањето на легендарниот албум.

Двете се сместени во ексклузивното специјално издание по повод 25-годишнината од излегувањето на еден од најпродаваните албуми на сите времиња, со симболичен наслов „Bad25“, кој на 18-те септември Estate of Michael Jackson во соработка со компаниите „Legacy Recordings“, „Sony Music“ и „MJJ Productions“.

Првите од вкупно четирите дискови содржани во јубилејниот пакет ја донесува ремастерираната верзија оригиналниот албум. На вториот се наоѓаат осум необјавени песни коишто не биле ставени на оригиналниот албум од 1987 година, меѓу кои покрај веќе споменатите „I'm So Blue“ и  „Song Groove“ се наоѓаат и „Don't Be Messin' Around“, „Streetwalker“, „Al Capone“, „Free“, „Fly Away“ и „Price of Fame“.

Третото CD содржи снимка на концертот на Мајкл Џексон одржан на 16-ти јули 1998 година на стариот лондонски стадион „Вембли“, додека четвртото парче е DVD со снимки на неговите изведби во живо од тој период.

По повод 25-годишнината од излегувањето на албумот, американскиот режисер Спајк Ли сними документарен филм со ист наслов „Bad25“ кој својата премиера ќе ја имана годинешнава 69-та венецијанска Мостра, која започна во средата, 29-ти август а ќе заврши на 18-0ми септември.

30.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Ја обвинуваа дека е жена со џуџест раст, која лаже дека е дете: Каде е денес Наталија Грејс? Случајот со Наталија Грејс до денес претставува енигма – таа тврди дека е родена...
Прељубничката од концертот на Coldplay: „Се однесував несоодветно со шефот и го извлеков подебелиот ... „Донесов лоша одлука, испив неколку коктели, танцував и се однесував несоодветно...
22 години од најголемиот Super Bowl скандал – снимката од голата града на Џенет Џексон е причината з... Кога во 2004-та на настапот на Super Bowl, Џастин Тимберлејк случајно ѝ ја откри...
Следете во живо: Папата Лав ќе ја благослови Саграда Фамилија, на 100-годишнината од смртта на Гауди... Во февруари годинава, по повеќе од 100 години од почетокот на изградбата, конечн...
Како да ја претчувствувала неговата смрт - први снимки од вдовицата на Чарли Кирк по атентатот Откако ја цитираше Библијата неколку часа пред атентатот на Чарли Кирк, во јавно...
Прељубничката од концертот на Coldplay: „И маж ми беше таму, знаеше дека сум блиска со директорот“ „Мојот сопруг знаеше дека со директорот бевме блиски соработници, знаеше дека из...

Најчитани неделава