Кучето - херој кое остана без лице, се враќа дома

Кучето по име Кабанг, стана светски херој откако во 2011 година им го спаси животот на две девојчиња кои поминувале улица, а на нив налетал мотор.

kucheto-heroj-koe-ostana-bez-lice-se-vrakja-doma-1

Кабанг е мила кучка која откако стана славна на Филипините, нејзината приказна ја слушна целиот свет.

Таа ја спаси ќерката  Дини (9) и внуката Дајсинг(3) на нејзиниот сопственик кога на нив налета мотор со полна брзина, а кучето проценувајќи ја опасноста истрча пред моторот и го собори, при што се доби со тешки повреди на лицето.

Ударот бил толку силен што целосно и бил скршен и откинат горниот дел од муцката, а ветеринарите биле немоќни пред таква повреда.

Локалните власти тогаш решиле да ја успијат, но нејзиниот херојски потег ги трогна луѓето насекаде во светот до степен да една медицинска сестра од Њујорк отвори акција против успивање на Кабанг. Наместо тоа таа на интернет побара од сите добронамерни луѓе да донираат онолку средства колку што можат.

Набрзо на сметката на ова куче имаше околу 20 000 долари и тоа замина на лечење во Америка.

Иако тимот од ветеринари хирурзи не успеа да и направи реконструкција на муцката, сепак тие долго ја лечеа и и ги санираа повредите. Исто така и открија и тумор кој беше отстранет, а деновиве Кабанг се врати во својот дом.

„Неверојатно е што сè ова куче преживеа. Сигурно дека ќе има проблеми при хранењето, но тоа е и понатаму едно весело и разиграно куче“ – изјави ветеринарката Џина Дејвис.

Инаку Кабанг била пронајдена во едно поле со ориз и таткото на едно од спасените девојчиња сакал да ја зготви за вечера, но девојчето не дозволило. Кабанг им се оддолжи на најдобар можен начин.

kucheto-heroj-koe-ostana-bez-lice-se-vrakja-doma-2

kucheto-heroj-koe-ostana-bez-lice-se-vrakja-doma-3

kucheto-heroj-koe-ostana-bez-lice-se-vrakja-doma-4

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...

Најчитани неделава