16-годишно бебе?!

Докторите и научниците не можат да објаснат зошто, сега веќе 16-годишното девојче Брук Гринберг, не остарела туку останала мало бебе. Пронајдена ли е тајната...




... на вечниот живот?

Брук Гринберг изгледа како најнормално бебе, но всушност неодамна таа наполни 16 години. Докторите не приметиле ниту физички ниту когнитивни промени, откако Брук била малечка.
Научниците од друга страна пак, се целосно сконцентрирани надевајќи се дека со овој случај ќе ја решат мистеријата на стареењето.
"Зошто Брук Гринберг не старее? Дали е Брук фонтаната на вечниот живот?", се прашува нејзиниот татко Ховард Гринберг.

Нејзиниот педијатар Лауренс Пакула од Балтимор вели: "Најголемите имиња во светот на медицината се колнат дека во својот живот немаат видено ништо слично како случајот со Брук. Секој пат се повеќе и повеќе сум изненаден!"

Др. Ричардс Вокер од Флорида изјавил дека нејзиното тело не се развива како една координирана целина, туку поединечни делови од нејзиното тело се развиваат независно еден од друг.

Така Брук уште има млечни заби, додека коските и се како на 10-годишно дете. "Дојдено е до многу мали промени во нејзиниот мозок, а различни делови од нејзиното тело како да се неврзани", кажува Вокер.

Нејзината мајка Мелани обожава да ја носи својата мала тинејџерка во шопинг. А кога некој ќе ја праша колку години има Брук, веќе не се ни труди да објаснува:"Наместо да кажувам има 16 години и да дочекам бледи погледи, кажувам дека има 16 месеци. Така е поедноставно".

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Имав огромно чело, ме исмеваа на училиште и затоа си направив операција“ „Чувствувам дека конечно можам слободно да прошетам по улица, без да се плашам д...
Забавни и непријатни моменти на Super Bowl 2026 + најсмешните мемиња за настанот Ким Карадашијан се појави со новиот дечко, а настапот на Бед Бани навистина ги п...
Над 197 деца биле зачнати од донор на сперма со мутација што го зголемува ризикот од рак - донирал и... Според истрага на BBC и неколку поголеми медиуми, донор на сперма во банка во Да...
„Полицијата не можеше да го фати убиецот и силувачот на тетка ми – го заведов на Фејсбук и сега е за... Жена од Британија решила да ја преземе правдата во свои раце, откако полицијата ...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...

Најчитани неделава