Кралот само сакал да спие

Мајкл Џексон во последните денови од животот пател од тешка несоница, па ги молел докторите за седативи кои би му помогнале да заспие. Џексоновата...

 

... нутриционистка и медицинска сестра Шерил Ли која се обидувала да го навикне пеачот на правилна и здрава исхрана, признала дека Мајкл во последните денови од животот молел за инекција на Диприван за да се смири.

Диприван, медицински назив пропофол, е седатив кој се користи како анаестетик при лесни зафати како што се kralot-sakal-samo-da-spie1операција на усната празнина и заби.

"Мајкл ме повика во паника и ми рече дека морам веднаш да дојдам. Кога го прашав што се случило, тој ми кажа дека едната страна на телото му е потполно ладна и дека се плаши.

Му кажав дека мора веднаш да замине во болница и повеќе да не си игра со здравјето. Сфатив дека тој земал некои силни лекарства по што телото полека попуштало", изјавила Ли.

Мајкл наводно земал истовремено седативи, антибиотици, антидепресиви и аналгетики и тоа по потреба.

Кралот на поп музиката трпел огромни болки и пател од хронична несоница која го натерала да зема се повеќе и повеќе лекарства.

Блиските луѓе кои го познаваа Мајкл изјавиле дека тој никогаш не сакал дроги ниту злоупотребувал лекарства.

Би можело да ве интересира:

Шпекулации за смртта на НЛО истражувач: Предупредуваше за 11-те исчезнати научници, веруваше дека вл... Од 2022 до денес, 11 научници кои работеле на чувствителни проекти во САД исчезн...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Надреални фотки и видеа од Камчатка во Русија – Снежна покривка од 3 метри, снегот достигнува до 4-т... Поради снежна бура, во некои области на Камчатка, Русија, снежната покривка е по...
Девојка родена без голем мозок е медицинско чудо – прослави 20-ти роденден, лекарите ѝ предвидувале ... Алекс Симпсон од САД е родена со ретко нарушување поради кое нема голем мозок, т...
Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува ро... Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан п...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава