Бебе херој: Не мора да си голем за да бидеш забележан, доволно е да си мал и храбар за да останеш запаметен

Робин и Џош Блик ги броеле деновите кога нивното четврто бебе ќе дојде на свет. Но, во дваесеттата недела од бременоста докторите им соопштиле ужасна вест.

bebe-heroj-ne-mora-da-bides-golem-za-da-bides-zabelezan-dovolno-e-da-si-mal-i-hrabar-za-da-bide-zapameten-01

Нивното неродено дете боледува од ретко генетско пореметување, односно Едвардсов синдром, тризомија18. Тоа значело дека кога ќе се роди нема да живее повеќе од еден ден.

Сепак, тие одлучиле дека со своето синче ќе го проживеат секој драгоцен момент најдобро што можат, без разлика колку ќе трае.

Зајон се родил на 11 јануари, а починал само 10 дена подоцна на 21 јануари. Но, тие 10 дена додека живеел бил опкружен со безгранична и безрезервна љубов од неговите родители и трите братчиња.

После една недела го прославувале и неговиот живот од 7 дена со торта и свеќичка како за роденден.

Се труделе сите да го забележат секој момент, да поминат најмногу време со него и што е најважно да му подарат љубов каква што заслужува за тоа што е толку голем борец.

Џош и Робин се луѓе кои веруваат во Бог и сметаат дека тој го прави најдоброто што може и се благодарни што неговата љубов кон ова мало суштество ја споделил со нив цели 10 дена.

Постојано го фотографирале и снимале за да имаат драги спомени со кои ќе се потсетуваат како е да се биде толку мал, а толку силен борец.

Таткото Џош му зборува дека не е потребно да бидеш гласен и висок за да бидеш забележан, не треба ниту да напишеш книга или да стоиш пред толпа луѓе за да го привлечеш вниманието, бидејќи понекогаш е доволно и да си толку мал и толку храбар за да останеш запаметен.

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава