Чикаго на оргинален начин го прослави празникот „Свети Патрик”

Вчерашниот ден беше резервиран за прославата на големиот Ирски празник „Свети Патрик”. Светот присуствуваше на уште една традиционална прослава,тука не отсуствуваше ниту Скопје, каде во Ирскиот паб на кејот на реката Вардар, беше прославен Ирскиот празник. Облечени во зелена боја, со принт маички и нацртани детелини на лицата, и секако многу галони пиво беше одбележан големиот празник.

cikago-na-originalen-nacin-go-proslavi-praznikot-sveti-patrik1

Во Чикаго, како и секоја година, празникот се одбележа на еден многу креативен и оргинален начин. Во духот на „Свети Патрик”, Чикаго ја обои својата река во зелена боја.

Илјадници обожувачи и почитувачи на празникот присуствуваа кога контејнерите со боја се истурија во реката, некаде точно на пладне. Потоа,заеднички ја следеа рутата на зелената вода, која завршуваше во Бакингемска фонтана.

Со години во Чикаго, реката се бои во зелена боја, која трае шест до дванаесет часа во зависност од температурата на водата.

Зошто токму зелена боја?

Традиционалниот симбол на овој ден е детелината со три листа, која е симбол на Ирска. Според легендите, Свети Патрик користел детелина со три листа на своите проповеди за да го објасни тројството на Отецот, Синот и Светиот Дух.

Затоа денот на прославата е обележан со зелени аксесоари, храна, и прочуеното зелено пиво.

Па тоа е добра идеја, можеме и ние догодина да го обоиме Вардар во зелена боја, во чест на празникот „Свети Патрик”. Зошто да не?

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Се лекувал со индуцирана кома: Каде исчезна познатиот психолог, кој има болест што е наречена „најст... Психологот Џордан Питерсон, кој е меѓу еден од најпродаваните автори од поново в...
Влезе во кралската палата и го уби целото семејство - Најголемиот масакр во историјата на Непал го и... Хималајската држава Непал, која сега е демократска република, во минатото била к...
22 години од најголемиот Super Bowl скандал – снимката од голата града на Џенет Џексон е причината з... Кога во 2004-та на настапот на Super Bowl, Џастин Тимберлејк случајно ѝ ја откри...

Најчитани неделава