Дело за почит: Металци донираат коса за деца болни од рак

Ако некогаш помислувавте дека металците се „чудовишта“ , агресивни и насилни луѓе облечени во црно и со долги коси, кои немаат срце за другите, конечно ќе се разубедите и целосно ќе го промените мислењето.

delo-za-pocit-metalci-doniraat-kosa-za-deca-bolni-od-rak-01

Ова е уште еден доказ дека не треба луѓето да ги проценувате според надворешниот изглед и дека треба да го почитувате туѓиот избор, затоа што многупати се рекло, не знаете кога и од кого може да добиете помош.

Металците се еднакво разумни и чувствителни луѓе, честопати и многу повеќе од оние кои само сакаат да изгледаат како такви.

Кога некој сака да одржува имиџ на металец, косата е негов заштитен знак. Некои од нив ја чуваат и одржуваат цел живот и за нив тоа е едно од најзначајните нешта кои ги имаат.

Но, пред болеста нема поделби, разлики, предрасуди, па повикот за помош на децата болни од рак допрел и до нив.

За болните дечиња кои за време на лекувањето ја изгубиле косата било потребно да се направат перики кои ќе им ја вратат самодовербата и ќе им помогнат да издржат во борбата со болеста.

Каде ќе најдете подобри донатори на коса од металци, кои се собрани на метал фестивал во Мексико Сити?

За да се соберат во што поголем број и за да им се заблагодарат од организацијата им било ветено дека секој што ќе ја донира косата добива бесплатен билет за овој фестивал.

Нивните реакции и моментите кога се одделуваат од косата, но и задоволството кога ја донираат и кога се запознаваат со детенцето кое ја носи се незаменливи.

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава