Девојка потрошила 30.000 долари за да биде копија на Ким Кардашијан

24-годишната Клари Лесон не е првата која подлегнала на ваков тип преобразба инспирирана од својата миленичка Ким Кардашијан, но вложените 30.000 долари дефинитивно ја прават една од најекстремните.

devojka-potrosila-30-000-dolari-za-da-bide-kopija-na-kim-kardashian-01.jpg

Во првото интервју кое го направила, Клари изјавила:

„Од кога го добив мојот Кими изглед се чувствувам незапирливо!“

Нејзината опсесија започнала во 2009 година кога за прв пат го погледнала реалното шоу на семејството Кардашијан.

„Секој ден ми викаа дека бев најгрозното живо суштество и дека не заслужувам да живеам. Но, неколку пријателки ми кажаа дека имам големи сличности со Ким, па така решив да го гледам шоуто. Сфатив дека имаме ист број на роднини и речиси истите работи ми се случуваат во животот. Мислев дека е прекрасна и навистина сакав да бидам како неа.“

За Лесон да го постигне посакуваниот изглед потребни и биле повеќе операции помеѓу кои влегуваат зголемување на градите и хируршки зафати на лицето.

Покрај тоа, избелувањето на забите, надградбата на коса и спрејот за потемнување станале секојдневие.

„Се чувствувам силна. Се чувствувам како да изградив доволно голема самодоверба и сега се сакам многу повеќе,“ раскажува Лесон.

Клари секојдневно споделува фотографии на социјалните мрежи со идентични пози како Ким, а благодарение на нив изминативе неколку месеци постигнува светска слава.

Би можело да ве интересира:

Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Лицето ми се деформира од паразит – си ги потрошив сите пари за да најдам лек, ми се уништи животот... Американска ријалити ѕвезда вели дека „закачила“ паразит во Мароко што ѝ го дефо...
Ја криеше од јавност, а сега ја носи на сите важни настани: Што знаеме за ќерката на Ким Џонг Ун кој... Откако првпат се појави во јавност во 2022 година, 12-годишната ќерка на Ким Џон...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...

Најчитани неделава