Најопасни места за живот

najopasni-mesta-za-zivot-povekjeДека секаде на светов животот цвета на сите ни е повеќе од јасно. На планетава постојат еден куп интересни и привлечни места кои многумина од нас...

 

...сакаат да ги посетат. Сепак, истовремено постојат и такви места од кои подобро е да се држиме понастрана.

Зошто? Не поради тоа што таму нема ништо интересно, туку зашто престојот може да биде опасен по живот. Американскиот еколошки фонд Blacksmith Institute направил список од 10 такви места.

10. Џержинск, Русија

Според евиденцијата на еколозите, во периодот 1930 - 1998 година во Џержинск биле закопани повеќе од 200 илјади тони хемиски отпад - вклучувајќи ги и најопасните невротоксини.

Градскиот водовод делумно е загаден со диоксин и фенол, и степенот на опасност, според податоците со кои се располага, за 17 милиони пати го надминува дозволениот просек.

Денес во гратчето живеат едвај 300 жители. Просечниот животен век им се проценува на 45 години.

najopasni-mesta-za-zivot-dzerzinsk

9. Кабве, Замбија

На почетокот од минатиот век во Кабве биле откриени огромни наоѓалишта на олово и кадмиум. Подоцна таму биле изградени крупни фабрики за преработка на овие метали.

Како резултат на тоа, денес степенот на загаденост на воздухот со тешки метали ја надминува дозволената граница за четири пати.

Бројката на луѓе кои имаат здравствени проблеми во градот надминува 250 илјади.

Тие страдаат од силно труење на крвта кое често ги принудува на повраќање, пролив, заболувања на бубрезите и атрофирани мускули.

najopasni-mesta-za-zivot-kabwe

8. Ла Ороја, Перу

Споредено со другите градови, ова населено место е значително помало - во него живеат само 35 илјади луѓе.

Сепак, повеќе од 95% од неговите жители страдаат од тешки болести поврзани со процентот на олово во крвта.

На територијата на ова гратче се наоѓаат американски фабрики за ископување на олово, бакар и цинк.

Во атмосферата се испуштаат огромни количини сулфур двооксид, што е причина за чести кисели дождови.

najopasni-mesta-za-zivot-laoroya

7. Линфин, Кина

Линфин - тоа е град во срцето на кинеската индустрија за јаглен во провинцијата Шанкси.

Степенот на сулфур диоксид и други штетни материи во воздухот го надминува дозволеното ниво за неколку пати.

Всушност, толку многу го има што бојата на воздухот е сивкаста и видливоста е намалена.

Во градот живеат околу 200 илјади луѓе кои страдаат од пневмонија, полесни видови рак и бронхитис.

najopasni-mesta-za-zivot-linfen

6. Норилск, Русија

Норилск се смета за едно од најзагадените места во Русија. Таму е честа појавата на црн снег, а во воздухот се чувствува мирисот на сулфур.

Во Норилск се сместени најголемите светски заводи за преработка на тешки метали - бакар, олово, никел, селен и цинк.

Денес во градот живеат околу 134 илјади луѓе кои страдаат од респираторни заболувања. Од 2001 година влезот на странци во градот е забранет.

najopasni-mesta-za-zivot-norilsk

5. Сукинда, Индија

Во овој град се наоѓа најголемиот рудник за хром во светот. Поголемиот дел од отпадот на фабриките се исфрла во реките и езерата, што е причина за фактот што практично во сите водни ресурси на градот се присутни канцерогени материи.

Во градот живеат повеќе од 2,5 милиони луѓе. Речиси 90% од нив се подложни на болести поврзани со рак.

najopasni-mesta-za-zivot-sukinda

4. Тјанжин, Кина

Индустриски центар на Кина за производство на олово и едно од најзагадените места во таа држава.

Концентрацијата на олово во воздухот за десет пати го надминува дозволениот просек.

Содржината на олово во зрнестите култури кои растат на таа територија за 24 пати ја надминуваат границата која вели дека се здрави за исхрана.

najopasni-mesta-za-zivot-tjanzin

3. Вапи, Индија

Градот Вапи се наоѓа на крајот од појасот индустриски комплекси долг 400 километри.

Во овој град се наоѓаат повеќе од 1000 фабрики. Нивото на жива во копнените води околу Вапи ја надминува дозволената граница за речиси 100 пати, а воздухот е преполн со тешки метали.

Бројот на заболени жители на Вапи кои страдаат од разни видови хронични заболувања изнесува над 70 илјади.

najopasni-mesta-za-zivot-vapi

2. Сумгаит, Азербејџан

Сумгаит - тоа е само уште една стотинка од хемиската индустрија на територијата на поранешниот СССР.

Денес таму живеат повеќе од 225.000 луѓе кои се заразени од тешки метали, нафтен отпад и разни хемиски материи.

Децата во оваа област се раѓаат со генетски мутации, како што се умствена ретардираност и заболувања на коските.

najopasni-mesta-za-zivot-sumbait

1. Чернобил, Украина

За трагедијата во Чернобил знае секој и не треба многу да се раскажува.

Денес бројот на луѓе кои настрадаа од радијацијата во таа област изнесува пет и пол милиони.

Атомската катастрофа, што се случи на 26 април 1986 година, предизвика радијација која беше над стопати посилна отколку атомските бомби фрлени на јапонските градови Хирошима и Нагасаки.

najopasni-mesta-za-zivot-cernobil

Убаво ни е во Македонија кога ќе размислите, нели?

Би можело да ве интересира:

Родители добиле парична казна во ресторан затоа што децата им биле прегласни и непослушни – Правилно... Пар од САД вели дека сопственик на ресторан во којшто биле на ручек им наплатил ...
Сиромашен пар посвои бебе од сиропиталиште - тој стана милионер, им изгради куќа од соништата и со н... Максимо и Феникс, иако живееле сиромашен живот, сè што имале делеле со својот по...
Двајцата го промениле полот, се венчале и имаат деца: „Ние сме нормални луѓе, а не чудаци“ На прв поглед изгледаат како сосема нормално семејство. Трансродов пар од Велика...
Кои се тројцата милијардери кои требало да бидат дел од последното патување со подморницата „Титан“,... Тајкунот Џеј Блум тврди дека Стоктон Раш му нудел попуст од по 100.000 долари за...
Тажната животна приказна на младиот милионер, кој бараше асистент за да патува со него низ светот Метју Лепре е млад милионер од Австралија кој е познат по дарежливоста. Ова, пак...
Гинеколог искористил своја спрема за асистирано оплодување – мајката и детето дознале по 34 години Гинеколог од САД искористил своја спрема за асистирано оплодување на жена која ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg