Откако добиле син, нејзиниот маж исчезнал. По 3 децении го видела во весник

Џеки и Боб се запознале за време на демонстрациите во борбата за заштита на животните. Таа била една од активистите, а тој полицаец на тајната служба испратен за набљудување.

dobile-sin-a-toj-isceznal-po-3-decenii-go-videla-vo-vesnik-01

Изгледал симпатично и харизматично. Се запознале и брзо се спријателиле.

Наскоро почнале и заедно да живеат, но без да се венчаат, наводно затоа што тој не го поддржувал бракот како институција.

Но, вистината е дека тој веќе бил во еден брак и имал две деца. Џеки тоа не можела ни да го претпостави, бидејќи додека бил со неа се однесувал премногу грижливо и посветено. Нејзината мајка дури го фалела колку добро менува пелени, а тој всушност имал искуство во тоа.

Присуствувал на породувањето на Џеки и делувал како целосно да ѝ се предава.

dobile-sin-a-toj-isceznal-po-3-decenii-go-videla-vo-vesnik-5.jpg

Сè до еден момент кога ѝ соопштил дека веќе е откриен каде се наоѓа и не може во тајност да ја врши работата, па мора да оди во Шпанија.

Оттогаш веќе не го видела. Колку и да го барала не можела да го најде Боб Робсон, бидејќи тој и не постоел. Човекот со кој била таа бил Боб Ламберт кој е женет и татко на две деца.

Но, сето тоа го дознала откако ја видела неговата фотографија во весниците.

Во меѓувреме таа повторно се омажила за друг и родила уште едно дете, но тој сопруг брзо починал поради болест.

Наскоро запознала и трет маж со кој добила трето дете, но и со него се разделила.

dobile-sin-a-toj-isceznal-po-3-decenii-go-videla-vo-vesnik-3.jpg

Штом го видела Боб во весниците го побарала неговиот број и му се јавила за да го праша зошто баш неа ѝ го направил тоа.

Тогаш успеала да разговара и со неговата прва жена која ѝ соопштила дека двете деца ѝ починале од наследна срцева болест, со совет да си го прегледа синот да не ја има истата болест од Боб.

За среќа, нејзиниот син ја немал. Од сите информации Џеки била шокирана, но не сакала да го изгуби целосно контактот со Боб.

Тој го запознал својот син пораснат и возрасен маж и ѝ испратил порака на Џеки дека одгледала добар човек.

Од тогаш, Боб се обидува да го надомести своето отсуство од животот на синот. Џеки не го мрази и признава дека секогаш ќе биде дел од нејзиното семејство, бидејќи е татко на нејзиниот син. Верува дека имало љубов и сè уште ја има. Единствено што ја боли е тоа што целата вистина ја дознала преку весниците.

dobile-sin-a-toj-isceznal-po-3-decenii-go-videla-vo-vesnik-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава