Масовно убиство на делфини

masovno-ubistvo-na-delfini-povekjeСекоја година илјада делфини во Јапонија ја губат слободата или животот - некои се ловат живи и се продаваат на забавните паркови, а останатите...

 

...ги убиваат за месо.

И покрај напорите на јапонските власти оваа акција да ја држат во тајност, човекот кој го тренирал делфинот Флипер за истоимениот популарен филм, успеал да го сними убоството на овие животни.

Се до сега убивањето на околу 2.000 делфини годишно во едно гратче во Јапонија било една од најсрамотните тајни на оваа земја. Во периодот измеѓу март и септември рибарите со моторни чамци лоцираат јато делфини и  ги следат нивните маршрути по јапонската обала.

masovno-ubistvo-na-delfini-1

Удирајќи ги со метални шипки тие им ја одземаат најпрво свеста на делфините. Дел од нив ги продаваат во забавните паркови, а останатите ги убиваат со ножеви и копје. Подоцна ги продаваат како “месо од кит“, пренесува Телеграф.

Американски тим, на чело со Рик О`Бери, тренерот на Флипер, успеал да сними дел одо ова масовно убиство и покрај бројните препреки - жичана ограда, бесните рибари и локалната полиција.

“Не можев да поверувам“ - вели О`Бери. “Во еден момент ја гледате најмирната вода на светот и јато делфини кое плови. Во рок од неколку часови тие се претворени во парчиња месо на бетонскиот под. Глави лежат наоколу. Ужасна глетка. Тешко ми е да спијам по сето ова.“

masovno-ubistvo-na-delfini-2

Благодарение на неговите напори за спречување на убиството на делфините, почнал да го привлекува вниманието на групата за заштита на околината, а рибарите од Таиџи ги засилиле своите напори да ја прават својата крвава работа во тајност.

Би можело да ве интересира:

Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...
Потресни сведоштва од несреќата во Лисабон: „Мислев дека и јас и внук ми ќе загинеме“ „Вагонот изгуби контрола и почна да се спушта со огромна брзина и удри странично...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Ким Џонг Ун, контроверзниот лидер на Северна Кореја, ја избра 13-годишната ќерка за иден владетел на... Од тестирање на ракети до секаков тип на настани, лидерот ја носеше ќерка си сек...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...
Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти „Другарка ми возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со г...

Најчитани неделава