Хакнати 10.000 Hotmail акаунти

haknati-hotmail-korisnici-povekjeХакери успеале да пробијат илјадници кориснички адреси на Hotmail и ги објавиле нивните податоци.
Повредена е приватноста на...

 

...околу 10.000 корисници. Најголем дел се од Европа и експертите ги советуваат корисниците заради бесбедност да си ги променат лозинките.

Од Microsoft информираат дека се запознати со случајот и дека спроведена е истрага за инцидентот, пренесува BBC.haknati-hotmail-korisnici

Адресите на корисниците биле хакнати и податоците биле собрани во голема фишинг акција.

Фишингот вклучува користење на лажни интернет страници кои ги наведуваат луѓето да ги откријат приватните податоци како што се банкарски сметки, кориснички имиња, лозинки и сл.

Neowin тврди дека податоците биле објавени на 1-ви октомври на страницата pastebin.com. Но, во меѓувреме биле отстранети, а од блогот Neowin тврдат дека виделе листа со околу 10.000 имиња кои почнуваат на буквите А и Б.

“Можеме да потврдиме дека објавените акаунти се исправни и дека најголем број од нив се од Европа“ - вели Том Ворен еден од администраторите во Neowin.

Сега за сега изгледа дека се објавени само податоци за пристап до Microsoft Windows Live Hotmail со екстензиите @hotmail.com, @msn.com и @live.com.

Крајна препорака е сите корисници да си ги променат лозинките.

Би можело да ве интересира:

Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
Нема ни 40 kg, почна да се крие од јавност: Тажната приказна на анорексичната инфлуенсерка Евгенија ... Веќе неколку месеци, инфлуенсерката Евгенија Куни нема споделено ништо онлајн, с...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Елитата плаќа и до 300.000 евра за бегство од Дубаи – зошто инфлуенсерите тврдат дека сè е во ред? Ако некој каже или сподели нешто што ќе ја наруши репутацијата на Дубаи или Емир...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...

Најчитани неделава