Чоколадно шоу во Париз

cokoladno-shou-vo-paris-povekjeСекоја година во средината на октомври, во главниот град на Франција се одржува познататото чоколадно шоу. Идејни творци на оваа манифестација...

 

...се Силви Душ и Франсоа Жанте кои ја водат маркетинг агенцијата Event International.cokoladno-shou-vo-paris

Пред 10 години тие дојдоа на идеја за организирање на Salon du Chocolat во Париз. Неговата популарност постојано расте и минатата година за 4 дена го посетија преку 100.000 луѓе.

Со зголемување на популарноста на настанот, овие чоколадни шоуа почнаа да се организираат и во Њујорк, Пекинг, Москва и Токио, но тој во Париз останува и натаму број 1 настан од ваков тип.

Оваа година се одржува од 14 до 18 октомври и отвoрањето беше навистина спектакуларно. Со чоколадна модна ревија, на која сѐ беше во знак на самата идеја на манифестацијата – славење на оваа прекрасна и магична супстанција.

Посетителите ќе можат во овие 4 дена да видат и посетат конференции за чоколадото, демонстрирање на рецепти, какао шоу, чоколадни награди, чоколадна работилница за деца, како и бројни други настани.

За оние кои се повеќе заинтересирани, влезницата чини 12 евра (околу 720 денари).

Гурман™
Портал за храна и готвење.
www.gurman.mk

Би можело да ве интересира:

„Дома е каде што е срцето“ – Меланија Трамп првпат внесе топлина во божиќното украсување на Белата к... „Меланија се надминала себеси овој пат“ – во првиот мандат на Трамп, Меланија бе...
Нови правила за инфлуенсерите во Дубаи, каде работат и многу Македонци - мора да извадат посебна доз... Во Обединетите Арапски Емирати, вклучено и Дубаи, се менуваат правилата за инфлу...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
„Живееше со мене во пештери 14 години, се селевме 49 пати“ - Која е сопругата на новиот претседател ... Кога на почетокот на 2025 член на Ал Каеда стана претседател на Сирија, светот с...
„Се натпреварував во шоуто Squid Game – не знаевме дали е ден или ноќ, халуциниравме бидејќи не спие... „Како што почнаа игрите, почнав да плачам. Мислам дека оние кои не ги играле игр...
„Најсилната жена во светот“ остана без титула – била родена како маж, а се натпреварувала во женска ... На годинашниот натпревар за „најсилна жена во светот“ победи Американка за која ...

Најчитани неделава