Голтнал 67 пакетчиња кокаин

Шверцер на дрога проголтал 67 пакетчиња кокаин за да помине на Британската царина. Студентот Фиделис Озули (30) го ризикуваше својот живот за...

 

... да сокрие 1кг дрога во својот стомак.

На полицијата на Аеродромот во Манчестер, Озули им бил сомнителен бидејќи изгледал невообичаено подуен. Од таа причина специјално бил донесен рентген чии X-зраци го провериле неговиот стомак.

Шокантно, било откриено дека во него има количина на кокаин еднаква на две кеси шеќер. Дрогата се проценува дека вредела 274.000 евра. Кога била пронајдена дрогата, Озули тврдел дека наводно не знаел дека пакетчињата биле полни со дрога.

goltnal-67-paketcinja-kokain1

Озули, кој потекнувал од Нигерија, студирал во Лондон, и за овој обид за шверц заработил затворска казна од 10 години. Покрај се, тој продолжувал да одрекува дека знаел за дрогата која ја проголтал.

Кога полицијата го запрела Озули за регуларна проверка, тврдел дека се враќа од деловно патување од Цирих, поточно од средба со една фармацевска компанија. Сепак доказите покажале дека допатувал од Цирих најпрво од Африка.

Вработените во истражната служба објаснуваат дека тестовите кои ги направиле на проголтаната дрога покажуваат дека чистотата на кокаинот е значително повисока од онаа што била претходно пронајдена во слични случаеви. Додаваат дека со самото проголтување на дрогата, Озули се изложил на голем ризик.

Нивото на чистота на дрогата исто така го зголемува ризикот за сериозни последици кај шверцерот, кој во најлош случај може да предизвика смрт.

Сепак, Озули не е најголемото достигнување на шверцерите на дрога во Британија. Во 2003 година во стомакот на еден шверцер се пронајдени 39 пакети или 1,5кг дрога.

Би можело да ве интересира:

Мрачниот случај на Ејми Лин Бредли: Исчезнала од крузер, гласини за киднапирање и трговија со луѓе Нема тело, нема докази, има сведоштва дека е видена во бордел... Сите детали за ...
„Доста ги фалите!“ - Мрачната страна на Швајцарците - шетаат излитени, дома им е хаос и се скржавци „Одaт по улица излитени, чудно облечени, децата им се секогаш со нос што тече и ...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
На 9 години беше „најубаво девојче на светот“, мајка ѝ ја сексуализираше – Кристина Пименова (20) и ... Мајка ѝ тогаш беше обвинета дека ја сексуализира и објавува провокативни пози од...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Исповед на мајка на деца со попреченост, по трагедијата во која родители ги убија двата аутистични с... „Откако родители во Австралија си ги убија двете аутистични деца, на возраст од ...

Најчитани неделава