Се откажал од својата работа за да го собори рекордот на направени селфиња во 1 час

24-годишниот Бану Пракаш од Хидерабад решил да го собори рекордот за најголем број на направени селфиња во 1 час – рекорд кој моментално го држи Патрик Петерсон од Америка, со 1.449 направени селфиња.

se-otkazal-od-svojata-rabota-za-da-go-sobori-rekordot-na-napraveni-selfinja-vo-1-cas-01.jpg

Пракаш студирал Фармација и работел како асистент, но решил да го напушти своето работно место и да го оствари својот уникатен сон.

„Се враќав дома заедно со моите пријатели кои зборуваа за рекордот на Двејн Џонсон од 105 селфиња за 3 минути. Кога се вратив дома, добро ги проучив информациите и како можам да се пријавам и решив дека морам да се обидам да направам повеќе селфиња од Патрик Петерсон“ – објаснува Пракаш.

Неговиот личен рекорд до сега е 1.700 селфиња за еден час, но неговата крајна цел е да стигне до 1.800.

За да се подготви за овој предизвик, тој правел вежби за рацете и зглобовите на рацете за да може да го држи телефонот со часови без раката да му се помести.

Неговиот официјален обид да ја достигне посакувана бројка ќе се случи на 18 септември.

Би можело да ве интересира:

17-годишниот син го терал да убие човек, го носи епитетот најсуровиот мафијаш во Италија - Кој е Сал... Кога неговиот син имал 17 години, го принудил да задави маж, а немал милост ни з...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...

Најчитани неделава