Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирална фотка од девојка и жена бездомник: Ѝ купивме топол оброк, па не престана да нè гушка

Оваа фотографија од девојка од Калифорнија која гушка бездомник откако во еден ресторан и купила топол оброк, за многу краток период се прошири на социјалните мрежи и ги стопли срцата на многу луѓе ширум светот.

odbivale-da-i-gi-dadat-ostatocite-od-hranata-pa-edna-devojka-i-kupila-cel-obrok-01.jpg

Кармен Мендез решила да и ги разубави празниците на една бездомна жена и да и помогне колку што може со топол оброк и малку време за силно да ја гушне, а во тој момент не била ни свесна дека нејзиното момче решило да го овековечи овој момент.

По малку размислување, сепак решила да ја објави сликата на Фејсбук:

 

:0" data-width="500">
:0">

I debated posting this picture but considering that today many of us are gonna be thankful for what we have and are...

Posted by Carmen Mendez on 
:0">Thursday, November 26, 2015

„Се размислував дали да ја објавам оваа фотографија, но сметајќи дека голем дел од нас ќе бидат благодарни за она што го имаме, ќе поминуваме време со најблиските и ќе јадеме вкусна храна, па решив да ја објавам.

Не знаев дека моето момче ја направило оваа фотографија. Пред неколку дена отидовме да вечераме доцна во ноќта и додека чекавме да нарачаме ја забележав оваа бездомничка која бараше од луѓето во ресторанот да ѝ ги дадат остатоците кои инаку планираат да ги фрлат.

Ниту еден човек не рече „да“, сите ја игнорираа и ја фрлаа храната, а тоа ми го скрши срцето...

Веќе неколку години волонтирам за бездомните лица и не сакам да ги избегнувам, туку сакам да им помогнам и да ги гушкам со целото мое срце.

Му кажав на Фред дека сакам да и ги дадам моите остатоци, но не можев никаде да ја видам.

Како што се подготвував да го фрлам пилешкото и 5-те компирчиња чув тивок глас како ме прашува дали нешто ми останало. Се свртев и го здогледав нејзиниот тажен поглед.

Ѝ ја дадов мојата храна да седне и да ја јаде... но, некако не се чувствував удобно, нешто не ми беше во ред. Се почувствував како ужасно човечко суштество што и ги дадов остатоците да ги јаде по мене... Заслужува цел оброк...

Па и купив цела вечера и додека го нарачував јадењето го замолив вработениот да не ја избрка, туку да ја остави да го изеде целото јадење на топло.

Веќе можев да ги видам чудните погледи на гадење од луѓето околу мене.

Како што се подготвуваше да си замине и го дадов целиот оброк... Беше изненадена, а нејзиниот поглед ми кажа милион зборови. Никогаш дотогаш немав почувствувано нешто слично – искрена и неизмерна благодарност.

Тоа гушкање кое ми го даде беше како ниту една прегратка која дотогаш сум ја почувствувала и добила, а нејзините солзи допреа длабоко во моето срце.

Ја држев силно. Тој момент нема да го заборавам никогаш.

Па кога ќе помислите да судите некој бездомник, размислете двапати, не сите се такви затоа што се зависници од дрога или мрзеливи“.

Би можело да ве интересира:

Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
Иванка Трамп блесна во фустан од бисери и кристали на вечера пред инаугурацијата на татко ѝ Доналд (... Викендов, пред инаугурацијата на Доналд Трамп, се одржаа неколку свечености во В...
Жени лидери во Европа: Кои земји имаат претседателки и премиерки? Гордана Силјановска Давкова е првата жена-претседател на Македонија, но не и еди...
Како Доналд Трамп ја возвиши сопругата во победничкиот говор, а таа му сврте образ наместо да го бак... „Наместо да добие бакнеж во уста, Меланија му сврте образ“ - Фотката од бакнежот...
Апокалиптични сцени од поплавите во Шпанија: Валенсија под вода, луѓе се спасуваат со хеликоптери Поради обилни врнежи, делови од Шпанија се под вода - на застрашувачките видеа и...
На најубавата розова плажа во Италија не смеете да стапнете – Инфлуенсерка плати казна од 1.800 евра... До плажата стигнала со мал чамец, стапнала на песокот и содржините ги објавила н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg