Дедо Мраз се преправа дека спие заради детенце кое доживеало епилептичен напад

Една фотографија од малиот Рајланд Вејд кој спие заедно со Дедо Мраз за многу краток период стана вирална со причина.

zoshto-ovaa-fotografija-od-2-godishno-dete-i-dedo-mraz-koi-spijat-stana-viralna-01.jpg

2-годишниот Рајланд од Охајо поради недостаток на кислород добил сериозно оштетување на мозокот. На малото момче дијагностицирани му се епилепсија и церебрална парализа.

Не може да зборува, има оштетен вид и секој ден, барем еднаш доживува епилептичен напад, а понекогаш и до шест. Но, без разлика на неговата состојба, семејството на Рајланд се обидува да му го направи животот што е можно поубав и да му овозможи што е можно повеќе нови искуства.

„Знаеме дека секогаш постои ризик од епилептичен напад, но не сакаме поради тоа да го затвориме дома. Наша работа како родители е да му го покажеме светот, земајќи ги предвид неговите ограничувања и да внимаваме на неговата сигурност“ – вели Саманта Вејд, мајката на Рајланд.

Едно од тие искуства е и посетата на Дедо Мраз.

Но, за време на таа посета Рајланд доживеал епилептичен напад и исцрпен заспал во скутот на Дедо Мраз.

Дедото облечен во црвено се потрудил малиот да добие убав спомен, па така е направена фотографијата во која Дедо Мраз и Рајланд спијат заедно.

 

:0" data-width="500">
:0">

Ryland wouldn't open his eyes for anything...thank you, Santa, for taking a snooze with him! #SoothingSanta #TeamRyland

Posted by Team Ryland Updates on 
:0">Sunday, December 6, 2015

Би можело да ве интересира:

„Сигурен си дека е твоја девојка, не нечија туѓа?“ – Крис Мартин од Coldplay се шегува со дечко кој ... „Брату, морам да направам проверка... Дали сте братучеди или нешто чудно? Дали с...
Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвув... Пред десетина дена, во пештера во државата Њујорк, маж се заглавил додека минува...
Хеликоптери се судрија над паркинг во Бразил - сите патници се загинати, жртва е и познат американск... Во вчерашната хеликоптерска несреќа во Бразил животот го загубија шест лица, меѓ...
„Дома е каде што е срцето“ – Меланија Трамп првпат внесе топлина во божиќното украсување на Белата к... „Меланија се надминала себеси овој пат“ – во првиот мандат на Трамп, Меланија бе...
Вознемирувачко: Туристка на скијање сакала да си направи селфи со леопард - ѝ го искасал лицето (вид... Туристка на скијање направила застрашувачко селфи со редок снежен леопард само н...
„Станав инфлуенсерка - соседите ме нарекуваат ѕвезда од маало и ме озборуваат за гратис одморите“ „Станав мајка млада и напорно работев за да си ги платам сметките. Сега, не ме и...

Најчитани неделава