"Паранормално" страшен филм

Голем број на италијани добија напад на паника по гледање на хорор филмот "Паранормална активност". Италијанската влада, всушност размислува за...

 

... вовдеување органичувања за холивудскиот хорор "Паранормална активност", бидејќи поголем број на луѓе добиле напад на паника откако го изгледале.

Во Италија стравот станал толку голем што за некои луѓе веднаш била повикана и брза помош, жалејќи се на пребрзо чукање на срцето и потешкотии кои ги почувствувале по гледање на филмот, кој е приказна за двајца млади луѓе кои ги прогонуваат духови и кои доживуваат психички промени, дури и нервен слом.

Една девојка паднала во таков шок да докторите морале да интервенираат дури и пред таа да излез од кино салата и да може нормално да дише. Американскиот нискобуџетен хорор во режија на Орен Пели, е многу популарен низ светот, поготово кај младата публика.

Во Италија почна да се прикажува од минатиот петок без никакви старосни ограничувања. Неколку здруженија се заканиле дека ќе поднесат тужба во име на малолетниците на кои им било дозволено да го гледаат филмот, а министерот за одбрана изјавил дека трејлерот за овој филм повеќе не смее да се прикажува на ТВ во време кога децата би можеле да го видат.

"Тоа е филм кој предизвикува страв и напади на паника како и психолошки нарушувања кај децата. Предоцна е
тој филм да се забрани, но можеме да поставиме предупредување наменето пред се, за родителите како би биле свесни за ризикот
", изјавила Алесандра Мусолини, претседател на парламентарната комисија која се занимава со правата на децата.

Овој филм можете да го погледнете во кино Рамстор со почеток на претставите во 19:00; 21:00; 23:00 часот.

Би можело да ве интересира:

Трагедија во Лисабон: Познатиот жолт трамвај стар 140 години излета од шините – има најмалку 15 жртв... Вчера (03.09) трамвајот, поточно фуникуларот Глорија, кој е најпознатата атракци...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Почина Чак Норис на 86-годишна возраст, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои ...
Маж си ја лажирал смртта за да избега со љубовницата: Ги оставил сопругата и 3-те деца, го барале со... Минатото лето, Американец си ја лажирал смртта за да може да избега со неговата ...
22 години од најголемиот Super Bowl скандал – снимката од голата града на Џенет Џексон е причината з... Кога во 2004-та на настапот на Super Bowl, Џастин Тимберлејк случајно ѝ ја откри...

Најчитани неделава