Дневна доза инспирација: Девојка со вроден тумор на лицето не се плаши да биде убава

Маримар Кироа е 21-годишна девојка од Калифорнија која е родена со тумор на лицето, односно цистичен хигром.

Dnevna-doza-inspiracija-devojka-so-vroden-tumor-na-liceto-ne-se-plasi-da-bide-ubava-01.jpg

Поради нејзината состојба таа не може да зборува, дишењето ѝ е отежнато, храната ѝ поминува низ цевка во стомакот, а слухот на нејзиното десно уво е намален.

Но, и покрај овие проблеми, Маримар не се откажува од своите соништа.

„Мојата состојба не ме запира на никаков начин – не постои нешто што не можам да го направам“, вели храбрата Маримар.

По многубројните операции со цел намалување на туморот на лицето, Маримар конечно се прифатила себеси онаква каква што е, и е подготвена да го сподели тоа со светот.

„Се охрабрував себеси и ги набројував сите добри карактеристики што ги поседувам, па во текот на годините си ја зголемив самодовербата.

Она што ми се допаѓа кај шминката е можноста да се креира нов лик, особено во делот на очите и што можам да им покажам на луѓето дека се убави без оглед на сè“.

Луѓето оставаат многубројни коментари под нејзините видеа со совети за шминкање.

Некои се позитивни и охрабрувачки, а некои се прилично злобни и негативни.

Голем дел од луѓето ѝ пишуваат дека изгледа како мајмун, нејзината уста е на погрешно место или едноставно непристојно зјапаат во неа во јавност.

„Кога луѓето ми кажуваат негативни работи им велам да престанат или едноставно ги игнорирам. Ако некој зјапа во мене, му возвраќам на истиот начин и одбивам да го тргнам погледот од нив додека тие не го сторат тоа“, вели Маримар.

Маримар комуницира со помош на знаковниот јазик на глувонемите во нејзините видеа, поместувајќи ги традиционалните стандарди за убавина.

Нејзината моќна порака нè потсетува дека треба да се сакаме себеси.

„Не е важно како изгледате или како се чувствувате во врска со обликот на своето тело. Прифатете се себеси, тоа е она што е важно“, ја завршува Маримар својата порака.

 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава