Животот не е фер: Смрзнато девојче учи на улица, додека проси заедно со својот татко

За повеќето деца викендот е време кое го поминуваат со своите родители и си играат со своите најдобри другари. Но, за Џи Хонгхонг, саботите и неделите значат една работа - просење на улица покрај нејзиниот татко.

emotiven-moment-devojce-uci-dodeka-prosi-na-studenoto-vreme-vo-kina-01.jpg

Исто како и Даниел Кабрера кој стана вирална сензација заради двете фотографии како учи покрај McDonald's, така и малечката Џи стана вирална сензација во Хонгконг. 

6-годишното девојче е фотографирано како учи и ја пишува својата домашна задача, покриена со ќебе додека проси покрај нејзиниот татко.

emotiven-moment-devojce-uci-dodeka-prosi-na-studenoto-vreme-vo-kina-1.jpg

Фотографиите се направени во градот Линји , во северна Кина, провинцијата Шандонг.

emotiven-moment-devojce-uci-dodeka-prosi-na-studenoto-vreme-vo-kina-2.jpg

Девојчето изјавило за новинарите дека таа мора да проси покрај татко ѝ за време на викендите.

emotiven-moment-devojce-uci-dodeka-prosi-na-studenoto-vreme-vo-kina-3.jpg

„Ја завршив домашната која ни ја даде наставничката, ова е задача од татко ми. Тој сакаше да продолжам со учење на кинеско спелување, со задачи кои и наставничката уште не ни ги покажала“ - изјавило девојчето.

Инаку, покрај татко ѝ, девојчето живее со нејзината мајка која има ментално заболување, нејзината 80-годишна баба и постариот брат.

emotiven-moment-devojce-uci-dodeka-prosi-na-studenoto-vreme-vo-kina-4.jpg

Селото каде живее семејството Ванг знае за нивната состојба и се обидува да им помогне како може, а просењето е единствената работа која сега засега можат да ја направат.

emotiven-moment-devojce-uci-dodeka-prosi-na-studenoto-vreme-vo-kina-5.jpg

Многумина се надеваат дека тоа што нивната приказна стана вирална, ќе им помогне да не просат на улица, туку таткото да најде соодветна работа со која ќе може да го издржува семејството.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава