„Тука сум. Сè ќе биде во ред“: Емотивна фотка каде постариот брат го теши болното бебе братче

Фотографија која прикажува нежен момент, допира до срцето и на најтврдокорните - двајца браќа лежат еден покрај друг.

tuka-sum-se-kje-bide-vo-red-emotivna-fotka-kade-postariot-brat-go-teshi-bratceto-01.jpg

Но, фотографијата покажува и нешто поважно и поемотивно.

На неа е прикажан момент кога 3-годишниот Вилијам како знае и умее се труди да го утеши својот помал брат Томас кој има само четири месеци, а се бори со рак.

Емотивната фотографија е направена од нивната мајка Шерил Бланксби која случајно влегла во собата и посведочила на моментот кога постариот го тешел својот помал брат, велејќи: „Големиот батко е тука, сè ќе биде во ред“, додека го гали по лицето.

tuka-sum-se-kje-bide-vo-red-emotivna-fotka-kade-postariot-brat-go-teshi-bratceto-2.jpg

Оваа скапоцена сцена која сведочи за љубовта меѓу браќата, мајката решила да ја сподели на Инстаграм објаснувајќи:

Враќање кога бевме на одмор. Се подготвував во тоалетот, а сопругот беше во кујна. Децата беа тивки, посебно господинот кој е во градинка. Ги знаете правилата кога децата се молчаливи. Тивко со фотоапаратот влегов во дневната за да доловам што и да прават. Очекував моето бебе да биде препокриено во Нутела или нешто слично, ама наместо тоа го видов ова. Син ми му вели на својот брат „Куја (постариот брат) е овде. Сè е во ред.“

Семејството Бланксби моментално го користи секој момент кој го има на располагање со своето бебе, бидејќи Томас е роден со лезија на кожата која изгледала како белег, ама по низа тестирања се покажала како малиген тумор.

„Ние како семејство се трудиме колку можеме повеќе да се соочиме со ситуацијата, ама тешко е“ - вели госпоѓа Бланксби.

tuka-sum-se-kje-bide-vo-red-emotivna-fotka-kade-postariot-brat-go-teshi-bratceto-1.jpg

„Постојано го снимаме секој момент кој ни е на располагање со нашето синче“ - додава таа.

tuka-sum-se-kje-bide-vo-red-emotivna-fotka-kade-postariot-brat-go-teshi-bratceto-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава