Исповед: „Растевме на Алкатраз со некои од најопасните криминалци на планетата“

На само два километри од Сан Франциско се наоѓа островот Алкатраз на кој некогаш функционираше најдобро обезбедениот затвор во светот.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-01.jpg

Алактраз е еден од најпознатите затвори на планетата и за време на неговото функционирање од 1934 до 1963 година се сметал за затвор од кој не може да се побегне, барем според ФБИ.

Но, неодамна протече информација дека затвореникот John Anglin, кој избегал оттаму во 1962 година и имал слободен живот.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-03.jpg

Како изгледал животот на овој мал остров во близина на Сан Франциско во времето кога тој бил затвор?

Во едно интервју Мери и Џин Комерфорд, ќерки на поранешен чувар во затворот, открија дека минале 13 години таму, откако нивниот татко го преселил целото семејство од Бронкс, Њујорк на Алактраз, за да работи таму.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-06.png

Мери имала само три години кога почнале да живеат на Алкатраз, а сестра ѝ Џин открива дека на островот имале многу поубав дом, отколку што имале семејствата на чуварите од затворот, кои живееле во Сан Франциско, на копното на само 2 километри од Алкатраз.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-02.jpg

Нивниот дом имал 3 спални соби, квалитетен под од дрво и прекрасна глетка кон вода од прозорците.

„Го обожавав островот. Имавме прекрасна глетка - од едната страна Сан Франциско, а од другата East Bay  и изгледаше како да живееме на центарот на Земјата“, откри една од сестрите.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-04.png

Мери и Џин велат дека често биле во интеракција со затворениците, од кои некои биле најопасните на Земјата и служеле доживотна робија. Затворениците извршувале разни обврски на островот, како поправки, а понекогаш дури и фрлање на ѓубрето од домот на семејството Комерфорд.

Сестрите слободно си играле на карпестата површина на Алкатраз и имаат убави спомени оттаму. Но, не било сè розово. Велат дека имало тридневна „битка на Алкатраз“, 11 дена пред 5-тиот роденден на Мери, кога планот за бегство на затвореникот Bernard Coy стапил во акција.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-07.jpg

Тој со група други затвореници ги нападнал чуварите за да добие пристап до собата каде стоело оружјето. Таткото на Мери и Џин бил нападнат и ранет во главата и морал да се преправа дека е мртов цела ноќ, пред да може да избега.

kako-izgledalo-da-se-raste-na-alkatraz-so-nekoi-od-najopasnite-kriminalci-na-planetata-08.jpg

Како и да е, и покрај драмата од 1946 година, сестрите велат дека срцата им биле скршени кога требало да го напуштат Алкатраз. Иако на сите страни имало мафијаши, убијци и крадци, тие велат дека не можеле да си посакаат поубав дом.

Погледнете го интервјуто со нив:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава