Пет години изолација: Како изгледа тајниот живот на Едвард Сноуден и неговата девојка Линдзи Милс? (фото)

Некогашниот оперативец на ЦИА го направил тоа што му го велело срцето и не се кае за потегот. Целосна поддршка има од својата сакана, која отиде да живее со него во Русија.

kako-izgleda-tajniot-zivot-na-edvard-snouden-i-negovata-devojka-lindzi-mils-foto-01.jpg

Ова е петта годишнина откако Едвард Сноуден пребегна во Русија од неговиот дом на Хаваи. Некогашниот оперативец на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД, предизвика низа контроверзии откако во 2013 година во јавност изнесе тајни документи за хакерски напади и прислушкувања од страна на САД.

Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избега најпрво во Хонгконг, а потоа во Москва и оттогаш живее таму. Со него е и неговата девојка Линдзи Милс.

Водат тајни животи, а единствениот начин да ѕирнеме во начинот на нивното функционирање е Инстаграм профилот на Линдзи.

Американската танчарка и фотографка од време навреме објавува фотографии од себе, но и од романтични мигови со Сноуден.

Порано Сноуден одржуваше конференции преку Скајп и беше многу активен на Твитер, но сега неговата активност е сосема намалена.

kako-izgleda-tajniot-zivot-na-edvard-snouden-i-negovata-devojka-lindzi-mils-foto-02.jpg

Месецов тој имаше интервју по повод петтата годишнина со весникот „The Guardian“, но тоа беше спроведено телефонски, а не лице во лице како неговото интервју дадено за овој весник во хотелска соба во Москва по повод првата годишнина. Сноуден уште еднаш потврди дека не се кае за неговите постапки и го сторил тоа што сметал дека е најдобро и му го говорела неговата совест.

Иако, неговата дозвола за азил во Русија е одобрена до 2020 година, медиумите тврдат дека неговиот престој таму е несигурен и се сомневаат дека е испратен некаде накај Сибир или Урал, а не е во Москва.

Сноуден можеби живее изолирано, но има чиста совест и дефинитивно минува прекрасни мигови со својата сакана.

Дел од фотките на Линдзи на Инстаграм:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...

Најчитани неделава